Домашна кесадиља - мексикански специјалитет што ќе го засакате

Супер комбинација на крцкава тортиља и полнење што се тегне. Кесадиљата со пире од компири и сланина ќе ви се допадне уште по првиот залак.

Кесадиља (quesadilla) е мексиканско јадење кое се прави од тортиља од пченка и се полни со кашкавал. Овој специјалитет стана популарен во целиот свет, па денес постојат милион различни рецепти за полнење. Можете да користите речиси секоја храна, а наш предлог е да го пробате овој фил од пире, сланина, пченка и грашок и сето тоа збогатете го со кашкавал кое се растегнува кога ќе се растопи.

Јадењето кесадиља настанало во периодот на колонијално Мексико, а самото име е деминутив од зборот quesada (кесада), што значи вид на чизкејк. Доаѓа од queso (кесо - сирење), што пак произлегува од латинскиот caeseus.

Потребни состојки:

  • 2 компира
  • 50 гр пармезан
  • ½ лажичка бибер
  • 1 кромид
  • ½ лажица путер
  • 4 дебели парчиња сланина
  • 3 лажици пченка
  • 3 лажици зелен грашок
  • 6 тортиљи
  • сос од домати
  • тврд кашкавал

Подготовка:

Компирите излупете ги и исечете ги, па ставете ги да се варат. За тоа време во тавче растопете го путерот, потоа додадете го исечканиот кромид, а кога ќе омекне додадете ја сечканата сланина. По неколку минути додадете пченка и грашок. Пржете уште 2-3 минути. Изгмечете ги компирите, па додадете им бибер и пармезан. Добро соединете. Во пирето додадете зеленчук со сланина и измешајте. Намачкајте ја тортиљата со сос од домати, посипете со рендано сирење, па на половина од тортиљата ставете од филот и повторно посипете со сирење. Свиткајте и пржете од двете страни во тава во која сте загреале малку масло.

реклама

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Градежните компании немаат доволно работници, ниту повисоките плати не помагаат

Read more

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Read more

Уписи на УКИМ – над 10.000 места за бруцоши

Read more

Рецепти

Рецепт на денот: Потпечено бело месо со карфиол

Read more

Скара денес? Пробајте го рецептот за маринада за совршено сочно месо

Read more

Одличен предлог за посен ручек: Тиквички со зеленчук, печурки и ориз

Read more

Почна сезоната на бозел: Со едноставен рецепт направете сок од оваа лековита билка

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе