НБА

Дончиќ ги уништи Клиперс со тројка од 10 метри во последна секунда

Кошаркарите на Далас Маверикс во четвртиот меч од осминафиналето на НБА плејофот на продолженија ги победија Лос Анџелес Клиперс со 135:133 (24:34, 34:32, 35:19, 28:36, 14:12) и го изедначија резултатот на 2-2 во серијата прв до четири победи.

Херојот на триумфалната ноќ за Далас беше Лука Дончиќ кој го постигна и кошот за победа.

URL

Клиперс подобро го отворија натпреварот и изгледаше дека ќе го прегазат ривалот, со оглед на тоа дека во еден момент од втората четвртина имаа предност од 21 поен.

Сепак, во третата четвртина Дончиќ заигра и по серија од 16:0 Далас направи целосен пресврт, па водеше со 110-99 на шест минути до крајот.

Во тензичната завршница од мечот Клиперс успеаја да се вратат и да се изборат за продолженија. Се чинеше дека Клиперс пак ќе направат пресврт и ќе слават, но тогаш Дончиќ ја постигна фантастичната тројка од 10 метри за победа со звукот на сирената.

Словенецот забележа трипл дабл на синоќешниот меч со 43 поени, 17 скока и 13 асистенции.

URL
URL

Кај Клиперс најефикасен со 36 поени беше Вилијамс, а Ленард застана на 32 со 9 скока.

Следниот натпревар ќе се игра на 26 август.

Резултати:

Филаделфија – Бостон 106:110 (0-4 во победи)

Далас – ЛА Клиперс 135:133 (2-2)

Бруклин – Торонто 122:150 (0-4)

Јута – Денвер 129:127 (3-1).

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Кошарка

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Read more

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Read more

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Read more

Спектакуларниот Брансон го донесе Њујорк во полуфиналето на Истокот, крај за Бакс

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе