НБА 2022/2023

Дончиќ одигра натпревар како ниеден друг во историјата на НБА

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ одигра одличен натпревар во победата на Далас против Бруклин со 129:125, а собори и некои рекорди во НБА лигата и уште еднаш ги воодушеви навивачите на најсилната кошаркарска лига во светот.

Далас Маверикс победи против Бруклин Нетс по продолженија, а откако во регуларниот дел немаше победник (112:112), Дончиќ и соиграчите подобро се снајдоа во дополнителните минути и на крајот со 17:13, односно 129:125 вкупно, дојдоа до победа.

Remote video URL

Иако синоќа Ирвинг и Дурент беа исклучително расположени и постигнаа 39, односно 37 поени, сепак на крајот убедливо прво име на натпреварот беше неверојатниот Лука Дончиќ, кој оствари трипл-дабл ефект за нешто повеќе од 40 минути поминати на паркетот.

URL

Дончиќ натпреварот го заврши со 41 поен, а покрај тоа имаше и 11 скока и одлични 14 асистенции, а на ваквите трипл-дабл бројки додаде и 3 украдени топки.

Тоа е трипл-дабл учинок број 47 за Словенецот откако пристигна во најсилната кошаркарска лига во светот, а никој пред него не успеа да постигне такви бројки во трите основни категории и на тоа да додаде 3 украдени топки.

URL

До трипл-дабл ефект стигна кога имаше 30 поени на своето конто, што е 22. пат во кариерата да оствари трипл-дабл ефект со повеќе од 30 поени, престигнувајќи го Вилт Чејмбрлејн на вечната листа на великани.

URL

Со оглед на тоа што натпреварот го заврши со 41 поен, тоа беше трет пат во кариерата да оствари трипл-дабл учинок со 40 или повеќе поени, а воедно стана и само десеттиот играч во историјата на НБА кој стигнал до бројката од три или повеќекратни трипл-дабл учиноци во кои постигнал 40 поени. Ги израмни подвизите на Мајкл Џордан, Лери Бирд и Пит Маравич.

Резултати:

Бруклин Нетс - Далас Маверикс 125 - 129 прод.
Оклахома Сити Тандер - Лос Анџелес Клиперс 118:110
Голден Стејт Вориос - Мајами Хит 123:110
Сакраменто Кингс - Мемфис Гризлис 110:125

Табела:

Standings provided by Sofascore
реклама

Ревматолог советува што да јадете наутро за здрави зглобови

Read more

Петте најздрави овошја со малку шеќер

Read more

Почна владеењето на Близнаците: Што ќе донесе за секој хороскопски знак?

Read more

Неколку трикови за идеални пржени лепчиња

Read more

Кошарка

Јокиќ превртува очи на прашањето дали ќе игра за Србија на Олимпијадата

Read more

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Read more

Јокиќ сите ги насмеа на пресот по неверојатниот пораз со 45 разлика

Read more

Нетс повлекуваат седми број: 15-ката на Винс Картер заминува во пензија

Read more
 

Спорт

Романо: Димитриевски потпиша за Валенсија

Читај повеќе

Тони Крос објави крај на кариерата

Читај повеќе

Захов: Кога дојдов во Воска газдата ми рече да им го донесам куп пехарот

Читај повеќе

Вареловски: Не можете да замислите што ќе биде во Кавадарци ако се вратиме со пехарот

Читај повеќе

Иван Чупиќ ја заврши кариерата

Читај повеќе

Контроверзниот Кирјос сака да се проба во бокс, веќе има список со противници

Читај повеќе

Мбапе се прости од ПСЖ, на вечерата дојде и Макрон

Читај повеќе

Како Лука Модриќ го скрши калапот во фудбалскиот бизнис?

Читај повеќе

Брест не може на својот стадион да биде домаќин во Лигата на шампиони

Читај повеќе