НБА 2020/21

Дончиќ со трипл-дабл донесе победа за Далас

Сјајна партија одигра Лука Дончиќ кој го предводеше Далас до тесна победа над Атланта, додека Лејкерс трет пат по ред играа продолженија за да дојдат до победата.

Словенечкото чудо уфрли 28 поени и со по 10 скокови и исто толку асистенции прослави нов трипл-дабл и беше најдобар поединец на натпреварот на кој најефикасен беше гостинскиот кошаркар Џон Колинс со 33 поени.

Далас врза три победи во серија, но и натаму има негативен скор од 12-14 и се наоѓа надвор од плеј-оф зоната на Западот, односно на 11. место.

Шампионот Лејкерс се мачеше со Оклахома победувајќи ја дури по продолженија. Леброн Џејмс постигна 25 поени со 6 скокови и 7 асистенции, а ист број на поени запиша и Доминиканецот Ал Хорфорд од редовите на гостите. Дабл-дабл учинок оствари Хамиду Дјало од Оклахома.

Интересно, ова е трет натпревар во низа на кој Лос Анџелес победува по продолженија. Со скор од 20-6 Лејкерс сѐ уште се втори за Западот зад лидерот Јута.

Резултати:
Вашингтон Визардс - Торонто Репторс 115:137
Далас Маверикс - Атланта Хокс 118:117
Бруклин Нетс - Индијана Пејсерс 104:94
Мемфис Гризлис - Шарлот Хорнетс 130:114
Минесота Тимбервулвс - Лос Анџелес Клиперс 112:119
Чикаго Булс - Њу Орлеанс Пеликанс 129:116
Денвер Нагетс - Кливленд Кавалирс 133:95
Лос Анџелес Лејкерс - Оклахома Сити Тандер 114:113 прод.
Феникс Санс - Милвоки Бакс 125:124

реклама

Зачин што секојдневно го користиме го зголемува ризикот од рак на желудникот

Read more

Храна што треба да ја јадете за здрави црева и рамен стомак

Read more

Техника на пешачење со која се топат повеќе калории

Read more

Недостатокот на еден минерал може да предизвика сериозни компликации

Read more

Кошарка

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Read more

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Read more

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Read more

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Read more
 

Спорт

Нов „дијамант“ на македонската кошарка

Читај повеќе

Невидена измама: Потпишал за Динамо од Букурешт и го пуштил близнакот да игра место него

Читај повеќе

Жрепката за СП е за две недели, Македонија е во третиот шешир

Читај повеќе

Ѓоковиќ го боли ударот од шишето: По дебаклот во Рим најави дополнителни прегледи

Читај повеќе
  • play_arrow

На крилата на феноменалниот Јокиќ, Денвер врати и втор брејк против Минесота

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешниот голман на Челси тешко нокаутиран во KSW

Читај повеќе
  • play_arrow

Голот на Адеми му ја донесе шампионската титула на Динамо

Читај повеќе
  • play_arrow

Ѓоковиќ погоден со шише по глава, полицијата трага по мистериозниот навивач

Читај повеќе
  • play_arrow

Денвер победи кај Минесота, Индијана славеше над Њујорк

Читај повеќе