Џони Деп: Холивуд ме бојкотира

Во интервју за британскиот магазин The Sunday Times популарниот актер вели дека холивудската филмска индустрија го бојкотира поради лажните обвинувања дека ја претепал поранешната сопруга Амбер Херд.

Тој го спомна ова додека зборуваше за неговиот последен филм „Minamata“. Минатата недела филмот беше премиерно прикажан во Обединетото Кралство, но засега нема најави дека истото ќе се случи и во САД.

„Некои филмови ги погодуваат луѓето, а ова е еден од нив. Приказната што ја раскажува е слична на мојата. Како човек и актер, бев во безизлезна ситуација во последните неколку години. Холивуд ме бојкотира поради лажни обвинувања. Работам на тоа да ја извадам вистината на виделина“, рече тој.

Remote video URL

Во „Minamata“, Деп го игра В. Јуџин Смит, фоторепортер кој во 70-тите години од минатиот век го посетил градот Минамата во Јапонија за да ги документира ефектите од труењето со жива.

На прашањето дали се идентификува со очајната состојба на Смит, Деп вели:

„Кон толкувањето на ликот на Смит не пристапив на тој начин, но сепак покажав некои од моите чувства. Изминативе пет години живеев во хаотична состојба“.

Remote video URL

Деп и Херд се разведоа во 2017 година, откако таа го обвини дека ја тепал. Тој ги негираше сите обвиненија.

Во ноември минатата година Деп ја загуби тужбата за клевета против британскиот магазин The Sun, кој во напис од 2018 година го нарече насилник.

Во март годинава, тој изјави дека Херд се согласила седумте милиони долари кои ги доби од разводот да ги донира во добротворни цели. Воедно, Деп тврдеше дека пресудата треба да се укине, но судот сепак потоа ја потврди.

реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Храна што позитивно влијае на здравјето и изгледот на кожата

Read more

Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more
 

Сцена

  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе