Џонсон: Европа што ја знаевме до пред шест недели веќе не постои

Британскиот премиер Борис Џонсон и германскиот канцелар Олаф Шолц денеска одржаа заедничка прес-конференција во Лондон на која Џонсон кажа дека Велика Британија и Германија делат чувство на „ужас и одбивност“ кон „бруталноста што ја претрпе украинскиот народ“, што го вклучува и утринскиот ракетен напад врз цивилите во украинскиот град Краматорск.

Џонсон кажа дека нападот на железничката станица во источна Украина покажува „колку длабоко потонала војската на Путин“.

-Воено злосторство е да се напаѓаат цивили. Злосторствата извршени во Украина нема да останат неказнети, рече Џонсон.

Џонсон повтори дека „Путин не смее да успее“ и најави нови британски санкции против Русија, што се однесуваат на замрзнувањето имот и забрана за патување.

Тој го пофали својот германски колега за неговата „решителност да стави крај на зависноста од руската енергија“ и додаде дека „тоа не е лесно за никој од нас и затоа ги поздравува историските одлуки донесени од владата на Шолц да се оддалечи од руската енергија“.

Џонсон додаде дека Германија и Велика Британија им се придружиле на десетиците земји кои испраќаат оружје и заштитна опрема како шлемови и панцири во Украина.

-Европа каква што ја знаевме до пред само шест недели веќе не постои. Инвазијата на Путин е удар врз темелите на безбедноста на нашиот континент, но неговата желба да нè подели очигледно не вроди со плод, рече Џонсон.

„Напротив, Путин ја обедини Европа и целата трансатлантска Алијанса за поддршка на Украина и заемна солидарност“, кажа тој, додавајќи дека Велика Британија ќе испрати оружје во Украина, во вредност од 100 милиони фунти.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Свет

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more

44 години од смртта на Тито: Дали историјата ќе го памти како херој или злосторник?

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе