Џорџ Сорос: Пораз на Москва во Украина ќе доведе до колапс на „руската империја“

Милијардерот и финансиер Џорџ Сорос, во четвртокот изјави дека ако Русија биде поразена во војната во Украина, тоа ќе резултира со колапс на, како што рече, „руската империја“, што според него ќе биде поздравено од поранешните советски републики.

Руската инвазија на Украина на 24 февруари го предизвика еден од најсмртоносните конфликти во Европа од Втората светска војна и најголемата конфронтација меѓу Москва и Западот од Кубанската ракетна криза во 1962 година.

Сорос рече дека Соединетите Американски Држави ќе ја поддржат Украина, но дека претседателот Џо Бајден го предупредил Украинецот Володимир Зеленски дека има ограничувања и дека мора да се избегне трета светска војна. Сорос не го откри изворот на својата информација.

Тој изјави дека руската армија е лошо водена, слабо опремена и деморализирана, но дека претседателот Владимир Путин се обратил кон платеничката група Вагнер за да ја спречи украинската армија.

„Земјите од поранешниот Советски Сојуз едвај чекаат да ги видат Русите поразени во Украина, бидејќи сакаат да ја потврдат својата независност“, ќе рече Сорос на конференцијата за безбедност во Минхен, според текстот на неговиот говор објавен од неговиот кабинет.

„Ова значи дека украинската победа би резултирала со колапс на руската империја. Русија повеќе нема да претставува закана за Европа и светот. Тоа би била голема промена на подобро“, рече тој.

По распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, нуклеарната суперсила се подели на 15 независни републики, иако Русија останува убедливо најмоќната од нив и сопственик на најголемиот нуклеарен арсенал во светот.

Путин тврди дека војната во Украина е егзистенцијална битка со агресивниот и арогантен Запад, нагласувајќи дека Русија ќе ги искористи сите расположливи средства за да се заштити себеси и својот народ од каков било напад.

САД ги негираат тврдењата на Кремљ дека сакаат да ја уништат Русија, најголемиот светски производител на енергија.

Сорос рече дека потпирањето на Путин на платеничката група Вагнер, основана од Евгениј Пригожин, изгледа дека функционира на краток рок.

„Коцкањето се исплатеше. Украина се соочи со стратешки избор: или да го држи Вагнер подалеку или да ѝ даде на Русија пропагандна победа и да ги зачува нејзините ограничени ресурси за контранапад“, рече Сорос.

Украина, нагласи тој, имаше мали шанси пролетта кога го доби оружјето што го вети Западот.

Што се однесува до Кина, Сорос рече дека стратегијата „нулта ковид“ на претседателот Си Ѓинпинг ја разниша довербата во Комунистичката партија.

„Сегашната ситуација ги исполнува сите предуслови за промена на режимот или револуција. Ова, сепак, е само почеток на неповратен процес, чии последици ќе се чувствуваат долго време“, рече Сорос за Кина.

„На краток рок, Си најверојатно ќе остане на власт бидејќи цврсто ги контролира сите инструменти на репресија. Сепак, уверен сум дека Си нема да остане на функцијата доживотно, а додека е на функцијата, Кина нема да стане доминантната воена и политичка сила каква се стреми да биде“, рече Сорос.

Тој ги става Русија, убедливо најголемата земја во светот по територија, и Кина, втората по големина економија во светот, како водечки членови на групата растечки „затворени општества“ во кои поединецот е подреден на државата, пренесува Reuters.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Свет

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Read more

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Read more
 

Вести

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

ВЛЕН: Влада и Бадентер да, но без ДУИ

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе