Древни мистерии: Статуа на Буда откопана во староегипетско пристаниште

Вереника била пристаништен град на Црвеното Море, чија значајна местоположба многу рано ја увиделе владетелите на македонската династија Птоломеи - во неа се спојувале трговските рути на Египет и Етиопија со Сирија и Индија.

Вереника Триглодитика ја основал Птоломеј II Филаделф во средината од III век п.н.е. и ѝ го дал името Вереника во чест на неговата мајка Вереника I Египетска, додека додавката Триглодитика е според домородното население Триглодити кое живеело во близина. Овој град многу брзо се стекнал со важна улога како пристаниште во кое се спојувале трговските рути. За тоа колку бил значаен говоро и податокот што од него до Коптос во долината на Нил бил изграден пат. Времето на владеењето на Птоломеј II честопати се нарекува и златно време на Птоломејскиот Египет, со оглед на тоа што Египет станал најголема поморска сила на Источниот Медитеран, а неговата престолнина била едно од најзначајните центри на културниот живот во тогашниот свет.

Забележано е дека помеѓу I и II век од новата ера за време на римската управа градот бил една од главните станици за трговија со слонови кои биле користење во војни, како и со егзотична роба како бибер, полускапоцени камења, ткаенина и слонова коска, кои се транспортирале помеѓу Индија, Шри Ланка, Арабија и Горен Египет.

Тим археолози од САД и Полска неколку години работел на истражување на овој локалитет, за во пооследната кампања внатре во комплексот на еден храм да пронајдат статуа виоска 71 сантиметар која го прикажува Буда во стоечка положба.

Околу главата на Буда се забележува ореол кој ја симболизира сончевата светлина, често прикажуван елемент во будистичката иконографија, чија цел била да се долови наводната можност на овој просветител да се „претвори во светлина“, т.е. да емитува зраци светлина додека се наоѓа во нирвана.

Од каде Буда во древен Египет?

Според д-р Мариус Гојазд, материјалот користен за изградба на статуата најверојатно потекнува некаде од околината на Истанбул, а една од можните теории е дека трговците од Индија при своите патувања на локалните мајстори им дале да ја издлабат склуптурата. Потоа ја поставиле во блискиот храм каде се и откриени натписи на јазикот санскрит, покрај оние напишани на коине.

Археолозите исто така откриле две парички чие потекло ги однело до индиското кралство Сатавахана, древна индиска династија. Сатавахана било едно од првите индиски кралства кое произведувало монети со ликови на своите владетели, а двата такви примерока откриени во Вереника потекнуваат од II век од новата ера.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Вести

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Read more

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Read more

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Read more

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Read more
 

Гик

  • play_arrow

Роботското куче на Boston Dynamics доби крзно

Читај повеќе
  • play_arrow

Како годишните времиња функционираат на другите планети?

Читај повеќе

Научници успеаја да ги реконструираат најраните фази на развојот на човечкиот живот

Читај повеќе

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Читај повеќе

Ново истражување потврдува дека животните имаат свест

Читај повеќе

James Webb ја сними маглината Коњска глава каква што не сме ја виделе досега

Читај повеќе

Британците забранија слаби лозинки: Нема повеќе „admin“ и „12345“

Читај повеќе
  • filter

5 факти за магнетното поле што ќе ве изненадат

Читај повеќе
  • play_arrow

Трча со брзина од 6 км/ч: TianGong е хуманоиден робот кој се движи како никој досега

Читај повеќе