Древните Грци идентификувале 8 видови љубов и секоја е важна

Секој од осумте видови љубов што ги идентификувале древните Грци треба да се негува и одржува. Ниту една не е поважна од другите.

1. Ерос - сексуална љубов

Оваа љубов се манифестира преку наклонетост, допир и секс. Таа е страсна и интензивна и буди романтични чувства и сексуалност. Непредвидлива е и оваа љубов е една од најтешките за одржување. Страста може да исчезне со текот на времето и затоа треба секогаш да се одржува.

2. Семејна љубов

Точно е дека ако сакате да создадете врска што ќе трае, треба да го гледате вашиот партнер како дел од вашето семејство. Станува збор за лојалност, сличност и доверба. Овој вид љубов најбавно се гради, но штом се изгради, не може лесно да се раскине.

3. Филија - пријателство

Во современиот свет, пријателството и романтичната љубов често се поврзани. Но, за древните Грци, Филија всушност била ценета повеќе од Ерос. Еднаквоста е многу важна во пријателството.

4. Агапе - Несебична или универзална љубов

Универзална љубов не значи да се сака секоја секунда од денот, без оглед на сѐ. Тоа повеќе значи да сакате некого без корист, односно да сакате без да барате ништо за возврат. Ако поставите услови во љубовта или очекувате резултат, тогаш вашата универзална љубов не постои.

5. Манија - опсесија

Опсесијата може да биде и корисна, и штетна во секоја врска. На пример, ако станете љубоморни кога ќе го видите вашиот партнер како разговара со привлечна личност, тоа може да биде добра работа: ќе ве потсети на силните чувства што ги имате кон таа личност и колку далеку ќе одите за да ја заштитите вашата врска. Важно е да се држи опсесивната љубов под контрола.

6. Прагма - трајна љубов

Градењето трајна љубов значи да му покажете на партнерот љубов и приврзаност без оглед на сѐ. Дали би го сакале вашиот партнер само ако изгледа на одреден начин, се однесува на одреден начин или ако прави работи што сте го замолиле да ги направи? Ако е така, треба да го промените вашиот став или да пронајдете нов партнер.

7. Филаутија - љубов кон себе

Многумина се сакаат себеси и таа љубов е целосно одделена од нивниот романтичен живот. Ако не се сакате себе си, како ќе сакате некој друг? Недостатокот на самољубие е она што создава проблеми во многу врски.

8. Лудус - разиграна љубов

Ова е љубов на младите и претставува возбуда, овозможува чувство на задоволство кога сте заедно. Ова е моментот кога се смеете заедно, кога вашиот партнер прави да се смеете и ве исполнува на тој начин, кога имате чувство со партнерот дека сте две деца што си играат, без правила и ограничувања.

Тагови
реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Љубов и секс

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

3 најлоши постапки што можете да ги направите ако дознаете дека партнерот ве изневерил

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Психолог предупредува на 6 збора што може да ја уништат врската

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе