Државниот завод за статистика денеска ќе ги објави податоците од Пописот 2021

Државниот завод за статистика денеска ќе ги објави податоците од Пописот на населението, домаќинствата и становите, кој што се спроведе од 5 до 30 септември 2021 година.

На настанот, како што е најавено, ќе се обратат директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски, заменикот-директор Илми Селами и меѓународниот експерт од Словенија, Данило Доленц.

Настанот ќе биде поделен во два дела: во првиот дел ќе бидат доделени благодарници на институциите кои придонесоа за успешното спроведување на Попис 2021, а во вториот дел ќе бидат објавени податоците од Пописот.

Пописот 2021 е прв попис по многу параметри – прв по речиси две декади, првпат во пандемија, првпат со комбиниран метод, прв на кој се попишува дијаспората и најважно од сѐ, наспроти сите предизвици успешно завршен.

Директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски во интервју за МИА, вчера рече дека пописот и покрај сите предизвици е темелен, точен и прецизен приказ и пресек на нашето општество.

Објавувањето на податоците ќе се одвива сукцесивно, по сетови на податоци. Првиот сет на податоци што ќе биде објавен денеска, ги опфаќа податоците за вкупното резидентно население, вкупното нерезидентно население, пол, возраст, етничка припадност, вероисповед, мајчин јазик и јазик кој вообичаено се зборува во домаќинствата, број на станови и број на домаќинства, а во месеците што следат ќе бидат објавувани сетови на податоци за образовните и економските карактеристики на населението, за становите, за домаќинствата, попреченост…

Според податоците објавени на веб-страницата на Државниот завод за статистика веднаш по завршувањето на Пописот на 30 септември, попишани се вкупно 1.832.696 лица, регистрирани се 568.175 домаќинства и 837.255 станови. Самопопишани лица во странство се 204.805 граѓани.

Пописот 2021 се спроведе под строги здравствени протоколи и во услови на ковид-пандемија, соглано нова методологија на ЕВРОСТАТ и првпат со комбиниран модел – освен прибирање податоци директно од населението на терен, се користеа и податоци од т.н. претпописна база, каде со внесувањето на матичниот број на граѓанинот во пописната апликација, автоматски се повлекуваа сите податоци што за тоа лице постојат во базите во државата.

Последниот попис во државава беше одржан во 2002 година, кога вкупното население изнесуваше 2.022.547 лица, имало 564.296 домаќинства и 698.143 станови. Според националната припадност Македонци се изјасниле 1,297,981 (64,17%), Албанци 509,083 (25,17%), Турци 77,959 (3,85%), Роми 53,879 (2,66%), Срби 35,939 (1,77%), Бошњаци 17,018 (0,84%), Власи 9,695 (0,47%) и 20,993 (1,03%) останати.

На територијата на земјава, според податоците на Заводот за статистика, првите попишувања се јавуваат во 15 век, кога турските власти ги попишувале само даночните глави и машкото население, а првиот современ попис е спроведен во 1921 година. По Втората светска војна се спроведени осум пописи: 1948, 1953, 1961, 1971, 1981, 1991 и 1994 и 2002 година.

Тагови
реклама

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Македонија

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Read more

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Read more

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Read more

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Read more
 

Вести

Велигденски концерт на НУ Охридско лето со женскиот хор Менада

Читај повеќе

Граната од Првата светка војна најдена најдена во близина на кампот за мигранти во Гевгелија

Читај повеќе
  • filter

Русите жестоко напредуваат, Украинците бесни: Ова е вистинската ситуација на бојното поле, нѐ лажат

Читај повеќе
  • play_arrow

Огромна експлозија во воена база во Камбоџа, загинаа 20 војници

Читај повеќе
  • filter

Апасиев од Штип: Единствен бранител против Бугарите во Устав ќе биде Левица

Читај повеќе

Милано на чекор да воведе забрана за продажба на храна и пијалаци после полноќ оти туристите ги вознемирувале жителите

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Грција

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Изборите на 8 мај ќе бидат тешки, но СДСМ е подготвена за секаков резултат

Читај повеќе

Сончево и топло, температурата до 28 степени

Читај повеќе