ДУИ подготвена да оди во опозиција, има еден услов

ДУИ е подготвена да оди во опозиција, ако ВМРО-ДПМНЕ ги поддржи уставните измени и истите стапат на сила пред формирањето на таа влада, објави министерот за надворешни работи, Бујар Османи во својство на портпарол на ДУИ.

„ДУИ е подготвена да поддржи Влада без ДУИ до избори, доколку опозицијата ги поддржи уставните измени и истите стапат во сила пред формирањето на таа влада. Европската иднина на граѓаните е пред сѐ!“, објави Османи.

Неговата изјава следи по денешната лидерска средба на премиерот Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. На средбата Ковачевски му понуди на Мицкоски место во Владата ако ги поддржи уставните измени, на што опозицискиот лидер возврасти дека ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да влезе во влада со СДСМ и со останатите политички партии, но без учество на ДУИ.

Истовремено, еден од условите на Мицкоски беше и уставните измени да не стапуваат веднаш на сила, туку кога Македонија ќе влезе во ЕУ.

ВМРО-ДПМНЕ го поздравува ставот и подготвеноста на ДУИ за одење во опозиција која доаѓа по денешниот настап на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски.

„Останува уште ДУИ освен за опозиција да се согласи за одложена примена на измените сѐ до периодот на влез на Македонија во ЕУ, откако ќе се увериме дека нема други условувања за македонскиот идентитет. Сакале-нејќеле догодина ДУИ ќе биде опозиција, но добро е што стануваат свесни“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Македонија

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Read more

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Read more

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Read more

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more
 

Вести

Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

Читај повеќе

Сиљановска-Давкова до Пендаровски: Ќе дебатирам со празно столче, последната дебата е закажана за понеделник

Читај повеќе

Мицкоски: На СДСМ прогнозите не им излегоа како што тие замислуваа

Читај повеќе

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе