Дураку: Не исклучуваме никого, но со ДУИ во влада ќе биде многу тешко

Скопје, 26 јули 2020 (МИА) – Ние не исклучуваме никого, но исто така сме кажале дека со ДУИ во влада ќе биде многу тешко, можеби неизводливо. Сепак, ќе оставиме на политичките лидери. Знаете какви се бројките и можностите, има многу варијанти, изјави Шефик Дураку, портпарол на Коалицијата на Алијанса за Албанците и Алтернатива, на денешната прес-конференција во Централниот штаб, прашан дали ќе седнат на иста маса за влада со ДУИ.

Прашан за тоа дали разговараат со некои партии за можно коалицирање, Дураку нагласи дека и како коалиција, но и поединечно политичките партии Алијанса за Албанците и Алтернатива отсекогаш редовно комуницирале со сите политички партии – и од албанскиот, и од македонскиот блок.

– Тие контакти продолжуваат. Нема нешто ново. По официјалните резултати што ги објави ДИК, сигурно сега следува периодот кога треба да почнат разговорите за формирање на владата. Нема нешто конкретно, нема нешто ново. Чекаме претседателот на државата да го додели мандатот и после е право на мандатарот со кого ќе разговара и со кого ќе состави влада, изјави Дураку.

Посочи дека за нив сега е многу поважен Маршот за демократија кој го најавија за утре.

Тагови
реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Македонија

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Read more

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Read more

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Read more

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Read more
 

Вести

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе

Делови од Аеродром, Карпош и Ѓорче Петров утре без струја

Читај повеќе

ДИК ги соопшти местата на кои ќе се прегласува на 22 мај

Читај повеќе

Кадровски промени на Водно: Правникот Божинов и новинарот Момировски ќе раководат со претседателскиот кабинет

Читај повеќе

Судир на 4 возила пред Клинички центар, неколку лица се повредени

Читај повеќе

Потона брод во Црното Море, се трага по исчезнатите членови на екипажот

Читај повеќе