Дури 6 голови на македонските интернационалци викендов

Изминатиов викенд беше богат за македонските фудбалери кои настапуваат во странство бидејќи дури петорица стрелаа прецизно во противничките мрежи, а еден асистираше.

Ерменија
Дефанзивецот Ристо Митревски погоди за 1:2 во последната минута од првото полувреме кога и покрај тоа што неговиот Алашкерт имаше играч помалку дојде во водство на гости кај Арарат. Потоа победи со 1:3. Интересно, ова е втор гол за Митревски откако дојде во Ерменија годинава и тоа по вторпат стрелаше против истиот противник.

(на 2:53)

Remote video URL

Романија
Волунтари со минимални 1:0 го совлада Поли Јаши, а нашиот Марко Симоновски во 17. минута го изнуди пеналот по кој беше постигнат голот.

Словачка
Милан Ристовски го постигна голот број 10 во најдобрата словачка лига. Во 83. минута тој ги постави конелните 2:0 за Нитра над Сеница.

(на 3:30)

Remote video URL

Турција
Адис Јаховиќ успешно реализираше удар од белата точка во 73. минута кога зголеми на 2:0 за Анталијаспор против Ризеспор. Неговиот тим потоа славеше со 3:1.

Швајцарија
Никола Ѓорѓев со два гола допринесе за високата победа од 5:0 на Грасхоперс над Арау. Тој погоди во 32. и 57. минута.

(на 2:06 и 3:10)

Remote video URL

Шпанија
Енис Барди во 67. минута го постигна голот со кој неговиот Леванте поведе со 1:2 на гости кај Еспањол и практично ја најави победата која подоцна заврши со 1:3.

(на 0:47)

Remote video URL
реклама

Фудбал

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Read more

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Read more

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Read more

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Read more
 

Спорт

Не е крај додека Баер не даде гол: Леверкузен сезонава 11 пати се спасуваше во надополнувањето

Читај повеќе

Проблем за клупскиот мундијал на ФИФА – фудбалерите се заканија со тужба

Читај повеќе

Феникс Санс го отпушти Френк Вогел

Читај повеќе

Миовски номиниран за играч на сезоната во Шкотска

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ блесна и му донесе израмнување на Далас во серијата против Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Леверкузен го собори рекордот без пораз и ќе игра финале во Лига Европа против Аталанта

Читај повеќе
  • play_arrow

Проклетство на германските голмани: Нојер го направи истото како Кан против Бразил во 2002

Читај повеќе

Албанија и Србија со заедничка кандидатура за младинското ЕУРО 2027

Читај повеќе

Лазаров за дебаклот од Фарските Острови: Беа подобри, заслужено победија

Читај повеќе