Два дена без починати од COVID-19, најмногу заразени во Скопје

Во изминатите два дена не се регистрирани починати од коронавирусот во државава, а се бележи минимален пад на бројот на заразени, кој вчера достигна 21, а завчера беше 37.

Вкупната број на дијагностицирани со COVID-19 во земјава од почетокот на епидемијата, изнесува 1.999, бројката на оздравени пациенти е 1.439, на починати е 113, а во моментов бројот на активни случаи во земјава изнесува 447.

Скопје и натаму е на врвот на заболени во државава на дневна основа, но и со вкупниот број дијагностицирани – 725 случаи и 204 активни случаи, а по него следат Куманово со 436 случаи и 35 активни случаи, Прилеп со 210 случаи и 46 активни случаи, Тетово со 177 случаи и 82 активни случаи, Велес со 127 случаи и 41 активен случај.

Во земјата се направени вкупно 25.528 тестирања на COVID-19. Двајца позитивни на COVID-19 се откриени во рамки на скринингот на вработените во градинките, а завчера е регистриран и еден позитивен случај во Геронтолошка установа во Скопје.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби вкупно се хоспитализирани 54 пациенти од кои на кислородна поддршка се 20, а на механичка вентилација се тројца пациенти. Во ГОБ „8 Септември“ вкупно се хоспитализирани 21 пациент од кои шест се на респиратор, а уште шест се со потешка клиничка слика. Во болницата во Битола се хоспитализирани четворица пациенти, а на домашно лекување се следат уште четворица пациенти. Во болницата во Штип се хоспитализирани седум пациенти, а на домашно лекување се следи еден пациент. На ифективните одделенија во Велес, Куманово, Прилеп и Охрид се хоспитализирани 41 пациент- позитивни и сомнителни на COVID-19.

Министерот за здравство Венко Филипче вчера на својот facebook профил во врска со верските собири напиша дека коронавирусот ниту е мртов ниту е заминат, тој е тука и за жал, проблемот ќе се провлекува сè додека има такви кои го ингнорираат.

– Многупати повторив, но еве уште еднаш ќе кажам. Здравствените работници не можат сами. Мерките се добри и навремени, но тие функционираат само ако се почитуваат, во спротивно немаат ефект. Почитувањето на мерките и ефектите од нив зависат само од нас како граѓани. Едноставно мора да се прифати новиот начин на живот, мора нашето секојдневие да го прилагодиме почитувајќи ги препораките, потенцира Филипче.

Тој истакна дека фотографиите и прилозите од завчерашното празнување во верските храмови и пред нив се повторно загрижувачки.

– И покрај апелите на здравствените институции да нема масовни собирања, да се почитуваат мерките за држење дистанца и ограничувањето на движењето, тоа не се случи. Го почитувам празнувањето и силно верувам дека тоа се значајни настани за сите нас, независно на која вера припаѓаме. Но, оваа година празниците во целиот свет се празнуваат на еден поинаков начин, ставјаќи го сопственото здравје и на нашите сограѓани пред сè и над сè, посочи Филипче и им се заблагодари на граѓаните кои се придржуваат кон мерките, а кои за жал, понатаму можат да бидат изложени на ризик поради тие кои тоа не го прават.

Препораките за заштита од коронавирусот граѓаните и натаму треба да ги почитуваат и да не се групираат, задолжително да носат заштитна опрема (маска, марама) со која ќе им бидат покриени устата и носот, редовно да ги мијат рацете или да ги дезинфицираат и да држат дистанца од два метра. 

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Македонија

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Read more

Османи победи во Торонто

Read more

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Read more

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе