Две прашања кои откриваат дали сте пред развод

Дознајте кои се двете прашања кои откриваат дали вашиот брак е осуден на пропаст и дали ќе трае.

Ако веќе сте во брак, веројатно или претпоставувате, или барем се надевате, дека личноста со која сте е вашата единствена, доживотна, вечна сродна душа. Меѓутоа, со текот на времето, во бракот се појавуваат несогласувања кои може да го уништат.

Леора Фридберг и Стивен Стерн, економисти од Универзитетот во Вирџинија во САД, спровеле истражување на 4.242 брачни парови како дел од Националното истражување на семејствата и домаќинствата - тие им поставиле две прашања и ја провериле состојбата на нивната врска шест години подоцна.

1. Колку сте среќни во бракот во споредба со тоа колку би биле среќни доколку не сте во брак?

Понудените одговори беа – многу помалку, помалку, исто, повеќе, многу повеќе.

2. Што мислите, како вашиот брачен партнер одговорил на тоа прашање?

„Идејата за љубовта е дека те прави среќен фактот што твојот сопружник е едноставно среќен. На пример, би можела да се согласам со тоа дека го правам поголемиот дел од домашните работи, што донекаде ја намалува мојата лична среќа, но тоа се компензира со сознанието дека мојот партнер има корист од тоа, односно дека е посреќен“, изјави Леора Фридберг и додаде дека тоа се чини дека многу парови не му придаваат значење на ова.

„Само 40,9 отсто од паровите кои учествувале во истражувањето успеале да предвидат што ќе каже нивниот партнер. Дури четвртина од испитаниците покажале сериозни разлики во перцепцијата на нивната среќа како брачен пар“, истакна таа.

Поголема е веројатноста да се разведат паровите кои признале дека нема да бидат помалку среќни доколку не се во брак или оние кои погрешно претпоставувале како нивниот брачен другар одговорил на првото прашање, пренесува Your Tango.

„Стапките на разводи беа повисоки кај оние кои велеа дека се понесреќни во бракот отколку што би биле ако не биле во брак, како и кај оние парови кои ја прецениле среќата на своите партнери“, објаснил Стивен Стерн.

Тагови
реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Љубов и секс

Што значи да сте заглавени во врска?

Read more

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Read more

Четири фрази кои најсилните парови редовно ги користат

Read more

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Read more
 

Магазин

Трик со две состојки спречува црната облека брзо да избледи

Читај повеќе

Најлоши места во домот за собни растенија

Читај повеќе

Со еден трик брашното останува свежо и до една година

Читај повеќе

Американски психолог откри кои фрази родителите треба да им ги кажуваат на децата во моменти на лутина

Читај повеќе
  • play_arrow

15 најмистериозни подводни аномалии

Читај повеќе

Најдобрите пијалаци за детоксикација, помагаат и при слабеење

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Читај повеќе

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Читај повеќе

Дали е време вашето дете да почне да носи очила?

Читај повеќе