Еден автомобил SU7 се прави за само 76 секунди во суперфабриката на Xiaomi

Производителот на паметни телефони, но и на автомобили, Xiaomi, својот прв модел SU7 го произведува во суперфабриката Xiaomi во Пекинг, каде се вработени само 20 работници и се инсталирани повеќе од 700 индустриски роботи.

Фабриката може да произведува 40 автомобили на секој час.

Основачот, претседател и извршен директор на брендот, Леи Јун, откри дека кинеската фабрика може да произведе 40 автомобили Xiaomi SU7 за еден час.

Ова одговара на време на производство од само 90 секунди за секој нов автомобил што ќе излезе од производната лента. Меѓутоа, кога фабриката, која има шест основни работилници, работи со полн капацитет, Xiaomi SU7 се произведува на секои 76 секунди, истакнува Леи Јун.

Високото темпо на производство е резултат на високо автоматизираната производна линија и вклучените напредни паметни техники. Повеќе од 700 индустриски роботи работат во Xiaomi Smart Super Factory. Тие извршуваат задачи како што се инсталација, инспекција и транспорт. Во фабриката работат само 20 вработени, што е, да речеме, двојно помалку отколку во Чери, бидејќи главната работа ја вршат роботи. Работниците се потпираат на осум роботски раце по работна станица, по четири на секоја страна од автомобилот.

Роботските раце се програмирани да ја инсталираат вратата, ставајќи ја во соодветна положба, затегнувајќи ги завртките и прилагодувајќи ги шарките. Роботите го вградуваат и предното ветробранско стакло, но и задното стакло и панорамскиот покрив. Потребни се помалку од 30 секунди од моментот на преземање на деловите до поврзувањето со каросеријата на автомобилот. Тоа е двојно побрзо од традиционалните автомобилски компании, според Xiaomi.

Remote video URL

Производителот на паметни телефони/автомобили тврди дека оваа стратегија е трипати поефикасна од користењето само на човечки оператори. Xiaomi има паметен систем имплементирано и во одделот за боење и лакирање. Благодарение на флексибилната техника на сортирање на бои и употребата на роботи, времето на боење може да се скрати за 25 проценти.

Xiaomi моментално има 59 продажни места во 29 кинески градови, со цел до крајот на годината да се прошири на 211 локации во 39 градови. Сегашниот капацитет на фабриката е да произведува 150.000 автомобили годишно, но ќе се прошири на 300.000 единици до 2025 година.

Xiaomi SU7 беше претставен на 28 март 2024 година, по повеќе од прифатлива влезна цена од 27.500 евра на кинескиот пазар. Компанијата има за цел да продава 100.000 автомобили годишно во првата година на пазарот, што лесно ќе се постигне според сегашниот интерес на клиентите. Сепак, кинескиот производител има план за производство од 900.000 единици во следните три години.

Тагови
реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

Крај на кредитите и долговите: 4 хороскопски знаци ќе добијат пари во мај

Read more

Нови цени на бензинот и на дизелот од полноќ

Read more

Авто новости

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Read more

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Read more

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Read more

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Read more
 

Автомобили

Како Xiaomi планира да ја турне Tesla од престолот?

Читај повеќе
  • filter

Како ќе изгледа новата Mazda 6?

Читај повеќе
  • play_arrow

Lotus шокираше на Нирбургринг: Електричната Evia извозе рекорден круг

Читај повеќе

Електрични автомобили ги затрупаа европските пристаништа

Читај повеќе

Кои се најпродавани автомобили во Европа годинава?

Читај повеќе
  • filter

Renault 5 E-Tech Roland Garros е инспириран од тенисот

Читај повеќе

Револуција од Кореја: Батерија која се полни за неколку секунди

Читај повеќе
  • play_arrow

Трка на хибридните суперавтомобили: Lamborghini Revuelto, Ferrari SF90 или Porsche 918?

Читај повеќе
  • filter

Tesla го претстави обновениот Model 3 Performance со 517 КС

Читај повеќе