Една година од катастрофалниот земјотрес во Албанија

На денешен ден, пред една година, Албанија ја потресе најсилниот земјотрес во последните неколку децении.

Беше 3:56 часот, кога силен земјотрес со јачина од 6,4 степени според Рихтеровата скала, кој траеше околу 50 секунди, ги погоди Драч и Тирана, одземајќи ги животите на 51 лице, а повредени беа повеќе од илјада.

Последиците од овој катастрофален земјотрес беа уште поголеми, бидејќи беа погодени 202.000 лица, чии домови беа уништени. Проценетата материјалната штета беше над 1,2 милијарди евра.

Срамнети со земја беа стамбени гради, куќи, хотели, училишта и други објекти.

Првите часови беа хаотични, бидејќи многу луѓе под урнатините се бореа меѓу животот и смртта, додека други, исто така, мораа да се справат со паниката предизвикана од последователните потреси.

Солидарноста не изостана и почна да пристигнува од соседните земји, потоа од Италија, Грција, Турција, Франција и многу други земји од каде беа многу екипи за пребарување и спасување кои со денови трагаа под урнатините по телата на жртвите.

По една година, раните сè уште се лекуваат. Драч и Тирана беа двете од најголемите општини кои имаа сериозни последици, но не помалку штета имаше и во општините Шијак, Круја, Камза, Каваја, Курбин, Лежа, Рогожина.

Сеќавањата од 26 ноември минатата година се во сите луѓе кои денес по една година се сеќаваат дека животот и смртта ги делат само неколку секунди.

Денеска, година по катастрофата, премиерот Еди Рама упати порака до албанските граѓани.

-Незаборавно сеќавање на жртвите од трагедијата од пред една година.Тоа беа најтешките денови и ноќи во мојот живот. Најлошото е зад нас, а најдоброто е пред нас како едно семејство. Пополека семејствата се враќаат во новоизградените домови. Сè ќе надминеме заедно, вели Рама.

Тој додава дека се покажало колку многу пријатели има Албанија уште во првите мигови, но и подоцна кога на меѓународната донаторска конфренција во февруари во Брисел беа собрани повеќе од милијарда евра. 

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Регион

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more

Стејт департмент: Властите во Бугарија продолжија да негираат регистрација на етничко-македонски активистички групи

Read more

Европскиот парламент одобри визна либерализација за Србите од Косово

Read more
 

Вести

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе

Граѓанските иницијативи и еко-здруженијата испратија 18 прашања до политичките партии

Читај повеќе

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе