Една третина од ковид пациентите пријавиле долгорочни симптоми 6 до 12 месеци по прележувањето

Скоро една третина од пациентите кои прележале COVID-19 пријавиле барем еден долгорочен  симптом 6 до 12 месеци по инфекцијата со коронавирус, покажа данска студија на 152.000 луѓе.

Студијата опфати една од најголемите групи досега, која ја сочинуваа лица со ковид, а важно е да се нагласи дека испитаниците не биле хоспитализирани поради последиците од оваа болест.

Нивната состојба се следи подолго од другите, претходно спроведени поголеми студии, објавија научниците од данскиот State Serum Instituta (SSI), водечко научно тело во областа на заразните болести.

Студијата заснована на прашалник покажа дека испитаниците најчесто пријавиле долгорочни симптоми како што се промени во мирисот и вкусот, но и постојан замор.

Студијата беше спроведена помеѓу септември 2020 година и април 2021 година, многу пред појавата на варијантата омикрон. Истражувањето ги спореди одговорите на 61.000 луѓе кои биле позитивни на коронавирус шест, девет или 12 месеци претходно, со одговорите на луѓе од група од 91.878 испитаници кои биле негативни.

Севкупно, 29,6 отсто од испитаниците кои биле позитивни на ковид пријавиле барем еден долготраен физички симптом 6 до 12 месеци по инфекцијата, во споредба со 13 отсто од оние во контролната група.

Повеќе од половина од позитивните на ковид имаат долготрајни симптоми

Малку повеќе од половина (53,1 отсто) од луѓето со позитивни резултати од тестот за ковид рекле дека се чувствуваат ментално и/или физички исцрпени, имале проблеми со спиењето или пријавиле различни когнитивни проблеми во рок од шест до 12 месеци од почетокот на инфекцијата. Во контролната група вакви проблеми пријавиле 11,5 отсто од испитаниците.

Студијата, која сè уште не е независно рецензирана, покажа дека случаите на анксиозност и депресија се почести и новодијагностицирани кај луѓето кои закрепнале од Ковид.

Авторот на студијата, Андерс Питер Хвид, професор по епидемиологија на SSI, рече дека резултатите од студијата се уште еден показател дека креаторите на политики треба да ги земат предвид гореспоменатите долгогодишни последици од ковид.

„Ова треба да се земе предвид при мерењето на ризиците и придобивките од медицинските интервенции и вакцините“, рече тој, додавајќи дека се потребни дополнителни истражувања.

Проценките за распространетоста на долгиот ковид варираат до денес.

Светската здравствена организација (СЗО) го нарекува новиот синдром „пост-ковид состојба“ која се карактеризира со некои долгорочни симптоми, како што се замор или отежнато дишење, кои се јавуваат три месеци по почетокот на инфекцијата и трае најмалку два месеци.

СЗО проценува дека ваквите симптоми погодуваат помеѓу 10 и 20 проценти од пациентите.

Дејвид Страјн, предавач на Медицинскиот факултет на Универзитетот во Ексетер во Велика Британија, кој не учествуваше во студијата, ги опиша резултатите од извештајот како „прилично загрижувачки“.

„Ако омикрон предизвикува долгорочен ковид во ист процент како и претходните варијанти на коронавирус, би можеле да имаме голема криза кај пациенти со лошо здравје во следните 12 месеци, особено со оглед на бројот на луѓе изложени на овој подтип на коронавирус“, рече тој.

реклама

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе