Еднаш месечно бесплатен влез во музеите и историските локалитети во Охрид

Објектите под ингеренција на Националната установа „Завод и Музеј - Охрид“ во периодот надвор од туристичката сезона еднаш месечно ќе бидат слободни за посета, односно нема да се наплаќа влез за посетителите.

Куќата на Робевци

Секој прв ден од месецот во периодот од октомври годинава до мај наредната година влезот во музеите и локалитетите што се под надлежност на охридскиот Музеј ќе биде слободен за сите македонски граѓани.

Намерата е на тој начин да се доближи културното наследство до граѓаните, пред сѐ до локалното население.

Согласно таквата одлука, секој прв ден во посочените месеци ќе биде бесплатен влезот во Самуиловата тврдина, Галеријата на икони, Куќата на Робевци, Куќата на Христо Узунов и Музејот на вода - Градиште.

– Се надеваме дека на овој начин сите кои досега не ги посетиле нашите локалитети и музеи, ќе може да го сторат тоа во посочениот ден од месеците 01.10.2021 (петок), 02.11.2021 (вторник), 01.12.2021 (среда), потенцираат од Завод и Музеј Охрид.

Тагови
реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Култура

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Read more

Православните верници го слават Велигден

Read more

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Read more

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе