Едноставен рецепт за традиционалната пченица за слави

На едноставен начин подгответе го овој традиционален прилог за слави кој секоја празнична трпеза треба да го има.

Пченицата од дамнешни времиња е симбол во православниот свет. За секоја домаќинка е важно покрај традиционалниот колач на својата трпеза за куќната слава да се најде и убава и вкусна пченица.

Според традицијата, по сечењето на колачот, со пченицата прво се послужува домаќинот, а потоа останатите домашни. На крајот се послужуваат сите гости, како и секој што дополнително како гостин ќе дојде на славата, прво се послужува со пченица.

Пченицата најчесто ја служи домаќинката или девојка која живее во куќата, ќерка или внука, и тоа на следниов начин: домаќинката ја носи пченицата до гостинот, тој станува, се прекрстува, се врти кон домаќинката и домаќинот, им честита за славата и зема од пченицата, по што повторно се прекрстува и седнува на место. Пченицата прво се послужува на постарите, а потоа на помладите. Послужавникот со пченица стои покрај славската свеќа додека трае славата.

Доколку кога славата ќе заврши ви останала пченица, треба да им ја поделите на децата или да им ја спакувате за дома на децата од присутните гости.

Потребни состојки:

  • 500 гр пченица
  • 500 гр шеќер во прав
  • 500 гр мелени ореви
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • пола лажичка цимет
  • пола лажичка морско оревче
  • мелени ореви и половинки ореви (за декорација)

Подготовка:

Сварете ја пченицата па процедете ја. Сомелете ја на машина за мелење месо. Потоа соединете ја со шеќерот во прав и мелените ореви. Во подготвената смеса додадете ги двете кесички ванилин шеќер, циметот и морското опревче. Така подготвената пченица ставете ја во чинија, измазнете ја, посипете ја со мелени ореви и по желба украсете ја со половинки од цели ореви.

Тагови
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Рецепти

Пикантни свински медалјони готови за 20 минути

Read more

Рецепт на денот: Ролат со спанаќ и лосос

Read more

Џигер со кромид натопен во млеко - за најдобар вкус

Read more

Две најголеми грешки што ги правиме кога готвиме тиквички

Read more
 

Магазин

Истражување покажа која боја на облека нѐ прави најпривлечни за другите

Читај повеќе

Кралот Чарлс му предаде висока воена титула на принцот Вилијам

Читај повеќе

Не се измачувајте повеќе: Дали е време да раскинете?

Читај повеќе

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 15 најморничави напуштени градови

Читај повеќе

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Читај повеќе

Кои се двете најлоши опции за појадок?

Читај повеќе

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Читај повеќе

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Читај повеќе