Едноставен трик што ќе ви помогне да пешачите 40 минути подолго секој ден

А.С.
/ 10.08.2022 / 11:54

Бројни се здравствените придобивки од пешачењето, затоа направете сè за пешачењето да биде дел од вашата секојдневна рутина. Еден едноставен трик, покажува истражувањето, ќе ве мотивира да го правите тоа без проблем.

Според Better Health Channel, пешачењето е одличен начин за намалување на телесните масти, подобрување на кондицијата и градење мускулна сила. Пешачењето ја подобрува рамнотежата и ги зајакнува коските. Исто така, го подобрува здравјето на срцето и белите дробови, го намалува ризикот од мозочен удар и помага во справувањето со состојби како што се дијабетес, висок крвен притисок, холестерол и болки во мускулите или зглобовите.

Иако ова е веројатно повеќе од доволно за да одвоите време за прошетка секој ден, сега постои едноставен трик кој ќе ве мотивира да пешачите повеќе секој ден.

Имено, станува збор за следење на вашите активности, што според експертите може да ве поттикне да пешачите дури и 40 минути подолго секој ден.

Според истражувањето спроведено од Универзитетот во Јужна Австралија, користењето на овој метод, кој е уред/апликација за следење активност што можете да ја инсталирате на вашиот телефон или паметен часовник, ќе ве поттикне да одите подолго од претходно.

Тие 40 минути значат преземање околу 1.800 дополнителни чекори секој ден, што е како одлично вежбање со вашиот личен тренер.

Истражувачите сугерираат дека овој метод може да придонесе и за намалување на холестеролот и крвниот притисок кај луѓето на кои им е дијагностициран дијабетес тип 2 и други здравствени состојби.

Исто така, може да биде од голема помош за луѓето кои не се доволно активни.

Научниците од Универзитетот во Јужна Австралија ги процениле податоците од приближно 400 различни студии во кои биле вклучени 164.000 лица ширум светот кои ја следеле нивната активност на овој начин. Нивните резултати, кои се објавени во Lancet Digital Health, ја истакнуваат ефикасноста на овој метод.

„Вкупните резултати од студиите што ги разгледавме покажуваат дека следењето на активноста е ефикасно кај сите возрасни групи. Ги охрабрува луѓето да вежбаат редовно, но и да го направат дел од нивната рутина и да придонесат за губење на тежината“, објасни Тај Фергусон, главен автор на учењето.

Без разлика дали пешачењето е само активност за да излезете на свеж воздух, дружење со пријателите или вашето куче или вашиот начин да вежбате кардио, нека биде дел од вашата рутина и не ве чини ништо.

Тагови
реклама

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Како правилно да ги перете белите алишта?

Read more

Ставањето тоалетна хартија во фрижидер повторно е во тренд

Read more

Фан ја тужи Мадона поради премногу експлицитен настап: Изложеност на порнографија без предупредување

Read more

Фит

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

7 совети како да ослабите за 7 дена

Read more

Како да ја остварите целта од ефикасни 10.000 чекори дневно?

Read more

Три промени во исхраната со кои ќе ослабете до лето

Read more
 

Магазин

Популарна диета за 23% го намалува ризикот од прерана смрт

Читај повеќе
  • play_arrow

Мечка упаднала во куќа во Калифорнија и излегла со колачиња

Читај повеќе

Вообичаена возачка навика покажува дека лицето можеби е психопат

Читај повеќе

5 намирници богати со јаглени хидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Читај повеќе

Знаци дека траумите од минатото влијаат на вашите врски

Читај повеќе

Храна што може да ја јадете и пред спиење без страв од тегоби

Читај повеќе

Викенд хороскоп од 31 мај до 2 јуни: Месечината влегува во Овен

Читај повеќе

Како правилно да ги перете белите алишта?

Читај повеќе

Што може да се случи во телото ако претераме со внесување калциум?

Читај повеќе