ЕХФ: Митревски со втора најдобра одбрана на денот
Една од вчерашните одбрани на нашиот голман Никола Митревски е во топ 5 одбрани на денот во изборот на организаторот ЕХФ.
Се работи за одбраната од последните минути кога Украина оди во контра, но Митревски го спречува ударот на Владислав Остроушко. Оваа одбрана е прогласена за втора најдобра.
Митревски и Остроушко се клупски колеги, двајцата ги бранат боите на битолски Еурофарм.