Еко активистка се врза за мрежата на Ролан Гарос: Имаме уште 1028 дена

Полуфиналниот натпревар на Ролан Гарос помеѓу Марин Чилиќ и Каспер Руд беше прекинат поради интервенција на еко активистка на средината од третиот сет, при водство на Норвежанецот и откако секој играч освои по еден сет.

Во 15:15 часот активистката ја прескокна оградата и истрча кон мрежата, а потоа се врза за мрежата во близина на столбот, по што натпреварот беше прекинат.

Чилиќ и Руд најпрвин се повлекоа во сопствениот агол од теренот, а откако обезбедувањето излезе на теренот, тенисерите заминаа во соблекувалната.

Девојката носеше бела маица со мистериозна порака на англиски јазик „Имаме уште 1028 дена“.

Девојката околу вратот носеше метално ланче кое го врза за мрежата со метална жица, но обезбедувањето набрзо ја отстрани од теренот. Натпреварот продолжи по пауза од 15 минути и триминутно загревање на тенисерите.

URL

На маицата девојката имаше испишано и адреса на веб-страница која се занимава со климатски промени.

„Влегов на терен затоа што повеќе не можам да ризикувам и да не правам ништо за климатските промени промени“, беше нејзината изјава по протестниот потег.

URL
реклама

Како да испечете сочен и крцкав помфрит во рерна?

Read more

Што му носи првата млада Месечина во 2026 на вашиот хороскопски знак?

Read more

Кинезите открија како најефикасно да извлекуваат злато од електронски отпад

Read more

Трамп испрати скандалозно писмо до Норвежаните: Нема Нобел? Тогаш заборавете на мирот

Read more

Тенис

Синер: Допинг скандалот и казната ме направија уште посилен

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Сабаленка го освои Бризбејн

Read more

ВТА ја прогласи Сабаленка за тенисерка на годината

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Финалето на Африканскиот куп имаше и трето полувреме

Читај повеќе
  • play_arrow

Дончиќ се врати на теренот и ги предводеше Лејкерс до победа

Читај повеќе

Мароко и Сенегал вечерва го играат финалето на Африканскиот куп на нации

Читај повеќе

Касемиро мора да игра на секој натпревар до крајот на сезоната за нов договор

Читај повеќе

Новиот „LinkedIn менаџер“ на Челси ги иритира навивачите

Читај повеќе

Дали Реал Мадрид ќе се извлече од кризата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Спектакуларна презентација на болидот на Ред Бул

Читај повеќе

Шкендија ќе игра против Самсунспор во плејофот од Конференциската лига

Читај повеќе
  • play_arrow

Ловрен: Поразот во финалето на Мундијалот 2018 можеби беше политичка одлука

Читај повеќе