Еколошки проблем: Наместо снег, на Алпите виреат кактуси

Како што стојат работите, швајцарските Алпи наскоро би можеле да бидат покриени со кактуси, а вистинското прашање во врска со ширењето на овој инвазивен вид, кој е фаворизиран од топла и сува клима, е - како е тоа можно?

Кога ќе помислиме на кактуси, во нашата глава се создава слика на пустина или сушна област покриена со карпи, од која овде-онде ѕиркаат некои од растенијата познати по своите боцки. Ретко кој би помислил дека на пример Opuntia - кактус по потекло од Мексико, може да се најде на швајцарските Алпи. Меѓутоа, поради климатските промени, оваа некогаш незамислива ситуација стана реалност.

Биолозите како Јан Трипонеца веруваат дека ова растение е присутно таму уште од XVIII век, што не е чудно ако се земе предвид дека пред неколку века се раширило во Европа и Медитеранот. Се проценува дека во некои делови на кантонот Вале ова растение во иднина може да покрие до една третина од расположливата површина.

URL

Како една од причините зошто тука преживуваат и напредуваат бодликавите кактуси Opuntia ботаничарите ја наведуваат нивната способност да издржат температури од -15°C. Меѓутоа, околноста што секако не им одговара е преголемата влажност, но со оглед на тоа што на овие простори снежната покривка секоја година сѐ повеќе се намалува - нема многу пречки кои би го спречиле нивниот напредок.

Според метеоролозите, снежната покривка на швајцарските Алпи моментално е на историски минимум, што тие тврдат дека е настан без преседан. Додека некои студии сугерираат дека бројот на снежните денови е преполовен од 1970 година, фотографиите од напуштените скијачки патеки и лифтови во екот на сезоната зборуваат за тоа.

URL
реклама

Вести

Anker повлекува повеќе од милион powerbank уреди поради ризик од самозапалување

Read more

Samsung „пука сеир“ на Apple

Read more

Зошто изумира пиратеријата?

Read more

За прв пат снимен јужниот пол на Сонцето

Read more
 

Гик

Anker повлекува повеќе од милион powerbank уреди поради ризик од самозапалување

Читај повеќе

Samsung „пука сеир“ на Apple

Читај повеќе

Зошто изумира пиратеријата?

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

За прв пат снимен јужниот пол на Сонцето

Читај повеќе

Ако имате некоја од овие апликации на вашиот телефон, веднаш избришете ја

Читај повеќе

„Глична“ ChatGPT

Читај повеќе

Microsoft намерно го забавува Windows

Читај повеќе
  • play_arrow

Пренослив Xbox доаѓа годинава

Читај повеќе

YouTube прави сè за да не ги блокирате рекламите

Читај повеќе