Економија ќе дели ваучери од 25.000 денари за клима-уреди, граѓаните може да се пријават од утре

Министерството за економија ќе подели 4 милиони евра на домаќинствата за клим-уреди за да ги намалат сметките за струја и да придонесат за енергетска ефикасност. Министерот за економија, Крешник Бектеши, вели дека програмата годинава е изменета и проширена во согласност со барањата на граѓаните.

„Од утре ќе биде објавен јавен повик преку кој Министерството за економија ќе дели ваучери со вредност од 25.000 денари за домаќинство за оние што живеат на територијата на Пелагонискиот и Југозападниот Регион, во кој влегуваат општините Битола, Демир Хисар, Кривогаштани, Крушево, Могила, Прилеп, Ресен, Новаци и Долнени, Вевчани, Дебар, Дебарца, Македонски Брод, Охрид, Пласница, Струга и Центар Жупа. За овие општини во програмата се определени вкупно 100 милиони денари. Освен овие, другите средства се предвидени за другите градови“, најави министерот Бектеши.

Тој ги повика сите граѓани што ги исполнуваат условите од утре да се пријават во Министерството за економија. Услов за добивање ваучер од 25.000 денари е домаќинствата во изминатите три години да не користеле средства од кој било извор за надоместок на трошоци за грејни уреди, печки на пелети или високоефикасни инвертер клима-уреди, да немаат приклучок на централно градско греење, уредот да го купат во текот на 2024 година, но и купениот уред, за да се избегнат манипулации, задолжително да грее на надворешна температура од минус 15 степени.

Предвидено е да се поделат 7.000 ваучери, но министерот Бектеши рече дека има можност да се зголемат средствата доколку се случи граѓаните да се пријават, а да се исцрпат предвидените 4 милиони евра.

Ваучер од 25.000 денари за домаќинство е предвиден за општините од Пелагонскиот и од Југозападниот Регион, а за домаќинствата од другите региони предвиден е ваучер од 23.000 денари.

За ранливите категории, ваучерот ќе изнесува од 27 до 30 илјади денари во зависност од примањата и членовите во семејството.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Македонија

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Read more

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Read more

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Read more

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Read more
 

Вести

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе

„Влен“: Влада и Бадентер да, но без ДУИ и Левица

Читај повеќе

Паѓаат приходите на Starbucks, дали бојкотот успева?

Читај повеќе

Празнично ретро шоу на олдтајмери во Крива Паланка

Читај повеќе

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе