Шокантно тврдење

Експерт од СЗО: Вработен во лабораторија во Вухан е можниот нулта пациент

Б.С.Б.
/ 13.08.2021 / 20:41

Научник од Светската здравствена организација изнесе шокантни тврдења за можен нулта пациент заразен со коронавирусот.

Доктор Питер Бен Ембарек од СЗО, кој ја предводеше меѓународната комисија во текот на посетата во Вухан, тврди дека можен нулта пациент е работник од лабораторија во Вухан кој се заразил од лилјак додека собирал примероци на терен.

„Работник кој се инфицирал на терен додека земал примероци е една од можните хипотези“, објасни Бен Ембарек за данската телевизија TV2.

„Во тој момент можно е да дошло до премин на заразата од лилјак на човек. Во тој случај работникот од лабораторијата би бил заразен, а не некој случаен жител или некој личност кој е во постојан контакт со лилјак“, додаде тој.

Ембарек ваквата процена ја даде во еден од навистина ретките медиумски настапи кои ги имаше досега. Смета дека работникот можел да се зарази или во текот на теренска работи или во текот на лабораториска работа. Иако СЗО тврдеше дека е мала веројатноста за ваков развој на ситуацијата, Емабрек смета дека е веројатен.

Тој нагласи дека експертие на СЗО не пронашле директни докази за избивањето на пандемијата поврзано со истражувањата во лабораториите во Вухан.

Но, откриле работи кои би требал дополнително да се истражат. Меѓу нив е и оној вид лилјак за кој се верува дека потекнува вирусот, а не може да се најде во регионот на Вухан, но луѓето работеле на истражување на овој вид лилјаци токму во лабораториите.

Тој изнесе уште еден интересен податок што досега не беше познат на јавноста. Ембарек вели дека втората лабораторија под контрола на кинескиот Центар за заразни болеста е отворена на 2 декември 2019 година, оддалечена само 500 метри од пазарот за кој се верува дека е извор на пандемијата.

Тој вели меѓународната комисија којашто престојувала во Вухан немала директен увид во документите од лабораториите туку виделе само презентација. Имало и интензивни преговори со Кинезите за тоа што би можело да стои во конечниот извештај на комисијата.

Заклучоците на крајот биле сведени на четири можни исходи и извори на пандемијата: или лилјак директно инфицирал човек, или човек бил инфициран со производ заразен со вирусот преку лилјак, или лилјак инфицирал друго животно или тоа почнало во една од лабораториите во Вухан, за што подоцна е напишано дека е исклучително малку веројатно.

Ембарек тврди дека тоа било компромис со кинеската страна.

Кина категорично ја отфрли можноста ширењето на вирусот да има врска со лабораториите во Вухан.

Пред само неколку месеци СЗО јавно ја отфрли можноста дека вирусот потекнува од кинеска лабораторија.

Remote video URL
реклама

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Пет деца во тешка состојба откако мајка им ги избањала со средство за чистење на паразити

Read more

5 знаци дека вашиот црн дроб се опоравил од алкохолот

Read more

Свет

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Read more

Зошто Германија станува сè порадикализирана?

Read more

Израелски тенкови влегоа во Рафа, стигнаа до станбени области

Read more

Рој оси нападнаа израелски војници во Газа, некои се со по стотици убоди

Read more
 

Вести

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе

Нови сведоци во случајот за убиството на Данка Илиќ

Читај повеќе

Издадени наредби за утврдување на причините за смртта на бебето од Вевчани

Читај повеќе

Македонците лани потрошиле најмногу пари онлајн во Холандија

Читај повеќе

ДИК ги усвои приговорите за 7 избирачки места

Читај повеќе