Electron Quasar: Хиперавтомобил кој ќе развива 2.300 КС
Германската компанија Elektron Motors го најави новиот концепт за потполно електричен хиперавтомобил под назив Elektron Quasar.
Ќе го движат 4 електрични мотори кои ќе испорачуваат 2.300 коњски сили. Автомобилот ќе биде тежот 1.500 кг, па од 0 до 100 км/час ќе забрзува за само 1,65 секунди.
Electron Motors ќе го претстави автомобилот во 2023 година. Ќе бидат произведени само 99 примероци кои на купувачите ќе бидат испорачани во период од 3 години.
Секој автомобил ќе чини 2,2 милиони евра.
Погледнете ја галеријата.