Електорите официјално потврдија – Бајден победи, Трамп изгуби

МИА/КАЈГАНА
/ 15.12.2020 / 08:11

Откако електорите од Калифорнија синоќа ги дадоа нивните 55 гласа за поранешниот потпретседател, Џо Бајден, тогаш тој и официјално беше прогласен за победник на изборите. 

Конгресот ќе го потврди гласањето на електорскиот колеџ на 6 јануари, а две недели подоцна, на инаугурацијата, Бајден ќе даде заклетва како 46-ти претседател на САД.

Вчерашното гласање на електорите и официјално ја потврди победата на демократот Бајден, нешто што се знаеше и многу порано. Во државите како Мичиген, Пенсилванија, Џорџија, Висконсин и Аризона, каде актуелниот претседател Доналд Трамп ја оспоруваше победата на својот соперник, но неуспешно, електорите ги дадоа своите гласови за Бајден.

URL

Ако изминатите неколку изборни циклуси завршуваа со гласање на електорскиот колеџ како само формална процедура, годинава тоа доби примеси на драма. Поради гласните повици на Трамп дека изборите биле масовно фалсификувани, а викендов, имаше и напнати сцени со протести на поддржувачите на актуелниот претседател во повеќе градови низ САД (главно во државите каде тој ги оспоруваше резултатите). Вклучително и во престолнината Вашингтон, каде полицијата се судри со некои демонстранти, а имаше и повредени.

Веднаш по завршувањето на гласањето, откако и последната држава, Хаваи, ги даде своите четири гласа на Бајден, кој вкупно доби 306 (без ниту еден електор да премине на страната на Трамп), новизбраниот претседател се обрати до јавноста.

Во своето обраќање од Вилмингтон синоќа, Бајден остро ги искритикува претседателот и неговите поддржувачи за нивниот напад врз гласачкиот систем на земјата. 

Напорите на републиканците да го донесат случајот до Врховниот суд и да побараат од судот да ги поништи резултатите на овие претседателски избори, според него „е толку екстремна и досега невидена позиција“. 

Порача дека дојде време „да се сврти страницата“ и ги пофали официјалните лица кои вредно работеа изборите да се оддржат и да се запазат сите процедури.

-Тие беа чесни, беа слободни и фер. Тие го видоа тоа со своите очи. И  нема да бидат застрашени и натерани да кажат нешто друго, рече тој.

-Ако некој тоа го знаеше и претходно, ние го знаеме и сега. Тоа што длабоко во срцата на американскиот народ е демократија. Правото да се биде слушнат, гласот да биде вклучен. Да се изберат лидери на оваа нација, да се управува самостојно, изјави Бајден во своето обраќање.

реклама

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Свет

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Read more

Лавров: Ако Западот сака решение на украинската криза на бојното поле, Русија е подготвена

Read more

Последната земја во западниот свет го укина ропството на денешен ден

Read more
 

Вести

ЈП Паркови и зеленило: Немаме склучено договор со Владата за одржување на дворот на објектот

Читај повеќе

Книжевна средба со авторките Калиа Димитрова и Ивана Јовановска во „Илика“

Читај повеќе

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Читај повеќе

Битолчанец фатен со стари монети, дел од културно наследство

Читај повеќе

Со четирицикл излетале во провалија на Шар Планина

Читај повеќе

На сила го внеле во возило и му украле накит и 2.500 евра

Читај повеќе

Каракамишева: Во свечената изјава стои Македонија, а не Северна

Читај повеќе

Трамп: Бајден е опколен со фашисти во Овалната соба

Читај повеќе

Нови цени на горивата од полноќ

Читај повеќе