Елтон Џон ѝ оддаде последна почит на кралицата

Сер Елтон Џон ѝ  оддаде почит на „милоста и пристојноста“ на тукушто починатата британска кралица Елизабета Втора на концертот во Торонто, Канада, одржан вчера.

Пејачот ѝ беше пријател нејзе и на кралското семејство, па лани беше одликуван и со „Орденот на Придружбата на честа“ (Order of the Companions of Honour), каде што членството е ограничено на 65 луѓе.

За време на неговиот концерт во Роџерс центарот, сер Џон им се обрати на обожавателите.

– Денес ја имаме најтажната вест – онаа за смртта на Нејзиното височество, кралицата Елизабета. Беше инспиративно присуството да се биде во нејзина близина!, истакна прочуениот пејач.

Публиката од 50.000 ракоплескаше додека сликата на кралицата стоеше на големиот екран.

– Имам 75 години, таа е со мене цел живот и се чувствувам многу тажно што повеќе нема да биде тука, со мене. Но, мило ми е што е во мир, мило ми е што конечно најде мир и го заслужи тоа. Работеше напорно. Ја испраќам мојата љубов до нејзиното семејство, најблиските и таа ќе ни недостига на сите. Но, нејзиниот дух живее, а ние вечерва го славиме нејзиниот живот со музиката, изјави сер Џон.

Откако ѝ оддаде почит, следеше емотивна изведба на „Don’t Let The Sun Go Down On Me“.  

реклама

Падна Шојгу: Дали пука фасадата на Путин?

Read more

Археолози ја открија бањата на Александар Македонски во палатата во Ајга

Read more

Голем неделен хороскоп од 13 до 19 мај според руски астролог

Read more

Која храна треба да ја одбегнувате за да не ви се таложи сало на стомакот?

Read more

Музика

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Read more

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Read more

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Read more

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Доделени наградите БАФТА 2024: Кои се најголемите победници?

Читај повеќе

Андријана Јаневска: По ова издание на Евровизија, донесов правилна одлука што не прифатив да ја претставувам Македонија

Читај повеќе

Koj е Немо – победникот на Евровизија

Читај повеќе
  • play_arrow

Евровизискиот трофеј го освои Швајцарија, Хрватска втора

Читај повеќе
  • play_arrow

Холандија е дисквалификувана од финалето на Евровизија

Читај повеќе

Стинг и Coldplay бараат ослободување на иранскиот рапер осуден на смрт

Читај повеќе

Пораките на келтски за Палестина не ја измамија Евровизија - Бамби морала да ги тргне

Читај повеќе
  • play_arrow

Израелската претставничка исвиркана на генералната проба на Евровизија

Читај повеќе