ЕМА ќе испрати експерти во Русија за да ги проверат податоците за Спутник V

Европската агенција за лекови ќе испрати експерти во Русија во април за да ги проверат клиничките испитувања и производството на вакцината против коронавирус Спутник V.

Според раководителот на одделот за закани по здравјето и стратегија за вакцинација Марко Кавалери, слична инспекција моментално се спроведува и за германската CureVac и американската Novavax.

Агенцијата ќе ги разгледа сите собрани податоци за да се овозможи побрза употреба на вакцината. Инспекцијата во Русија во април ќе ги опфати и производствените и клиничките испитувања.

– Тогаш ќе се обидеме да откриеме колку време ќе биде потребно за да ги добиеме сите податоци потребни за евентуално одобрување на оваа вакцина, рече Кавалеро во изјава за италијанската телевизија Rai 3.

Во саботата, гувернерот на Лацио, Никола Ѕингарети, соопшти дека во следните денови ќе потпише договор за спроведување на научни испитувања на Спутник V во Националниот институт за заразни болести Лазаро Спаланцани во Рим.

Директорот на институтот Франческо Ваја рече дека Центарот Гамалеја ќе испрати тројца вработени заедно да ја проучат ефикасноста на руската вакцина против различните варијанти на коронавирусот.

Европската агенција за лекови започна со тестирање на вакцината на 4 март, а познавачите на процесот тврдат дека таа може конечно да биде одобрена во мај. 

реклама

Една навика после јадење ќе ви го подобри варењето и здравјето на цревата

Read more

Како настанува нафтата? 5 факти што секој треба да ги знае

Read more

Сувата уста може да биде предупредувачки знак за сериозни здравствени состојби

Read more

Најлоши места во домот за собни растенија

Read more

Свет

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Read more

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Read more

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Read more

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Read more
 

Вести

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Топло со умерена облачност, температурата до 25°C

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Читај повеќе