ЕМА: Постојани бустери може лошо да влијаат врз имунитетот

Европската агенција за лекови на редовната прес-конференција денеска порача дека четврта доза вакцина за сега не се препорачува за здравото население, јави дописничката на МИА од Брисел.

Докторот Марко Кавалери од Европската агенција за лекови (ЕМА) објасни дека бројни бустер дози на вакцината против COVID-19 на краток рок не се одржливи за населението на долг рок, не само поради заморот што ќе го почувствуваат луѓето, туку и поради последиците врз имунолошкиот систем.

-Повторување на бустери на краток рок може да ги намали антителата бидејќи на имуниот систем му е потребно време да реагира, рече Кавалери и предупреди дека постојани бустери може да ја направат вакцината помалку ефикасна.

Исклучок се лицата со компромитиран имунитет за кои сепак четврта доза би била од помош.

Регулаторите сè уште ги разгледуваат клиничките докази и ќе ја информираат јавноста навремено за своите наоди. Како што стои ситуацијата моментално ЕМА смета дека би било добро да се оди кон сезонска вакцина како и да се разгледуваат други алтернативи од типот на мултивалентни вакцини отпорни на сите соеви, а не само вакцина отпорна на омикрон.

Што се однесува до третата доза, ЕМА ја препорачува без задршка, бидејќи иако омикрон сојот успева да ја избегне вакцината, таа сепак останува ефикасна против тешки облици на COVID-19 и хоспитализација.

Кавалери денеска исто така информираше дека состојбата во ЕУ со COVID-19 во овој момент не е добра: бројот на новозаразени расте поради омикрон сојот што доведува до силен притисок врз болниците.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Здравје

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Храна што го намалува ризикот од дијабетес, рак и деменција

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе