Емилија Кларк откри како ѝ било на снимањето на секс сцените во „Game of Thrones“

Британската актерка Емилија Кларк е најпозната по улогата во фантастичната серија „Game of Thrones“.

Актерскиот ангажман траеше од 2011 до 2019 година, поточно 62 епизоди во кои таа ја глумеше Денерис Таргариен. Улогата во популарната серија ѝ донесе заслужена слава, но со толку големи актерски ангажмани понекогаш доаѓаат и предизвици кои не се едноставни.

Актерката влезе во серијата на 23-годишна возраст, по школувањето за глума, а на толку млада возраст ѝ беше поставен големиот предизвик да игра еден од најпознатите ликови во целата серија.

Признала дека била преплашена од секс сцените бидејќи не знаела што да прави. Никогаш претходно не била на голем филмски сет, а барањето да се соблече гола пред сите членови на екипажот, но и пред публиката, ѝ било особено тешко.

„Никогаш не сум била на ваков филмски сет, а потоа се најдов на филмски сет целосно гола опкружена со сите овие луѓе и не знаев што треба да правам, што се очекува од мене. Не знаев што сакаат тие, а не што сакам јас“, рече актерката.

Исто така, таа призна дека не знаела дека ќе биде гола пред да ја прифати улогата.

Таа го спомна и актерот Џејсон Момоа, со кој беше во експлицитна сцена кога Кал Дрого ја силува Денерис Таргариен. Таа нагласи колку актерот бил нежен и професионален кон неа како млада, неподготвена актерка и дека неговата заштита многу ѝ помогнала за време на снимањето.

„Тој плачеше повеќе од мене. Дури сега сфатив колку имав среќа со тоа бидејќи можеше да помине на толку многу, многу, многу различни начини“, рече таа, откривајќи дека Момоа бил многу љубезен и внимателен и се грижел за неа.

реклама

Невролог советува на која возраст треба целосно да се престане со пиење алкохол

Read more

Голем неделен хороскоп од 29 април до 5 мај

Read more

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Read more

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Read more
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Read more

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Read more
 

Сцена

  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе

Ар Кели осуден на уште 20 години затвор за сексуално злоставување деца

Читај повеќе
  • play_arrow

Погледнете го трејлерот за хоророт The Exorcism со Расел Кроу

Читај повеќе

Трагичната љубовна приказна на Џулија Робертс и Метју Пери

Читај повеќе

Големото враќање на Селин Дион: Имам сила во себе, ништо нема да ме спречи

Читај повеќе

Почина менаџерот Велибор Џаровски-Џаро

Читај повеќе
  • filter
25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

25 април 1940 година, роден е актерот Ал Пачино

Читај повеќе
  • play_arrow

Netflix објави прв трејлер за трилерот со Џеј Ло, фановите не се импресионирани

Читај повеќе

Ребел Вилсон тврди дека член на британското кралско семејство ја поканил на оргии и дрога

Читај повеќе