ЕП ја критикува Полска дека ги крши правата на човекот со забраната на абортусот

Со речиси целосната забрана на абортусот Полска ги загрозува животите на жените и им го нарушува физичкото и менталното здравје, предупредија членовите на Европскиот парламент.

Пресудата на полскиот Уставен суд за забрана за абортусот во речиси сите случаи, освен при силување и инцест, како и кога е загрозен животот на мајката, го доведува во прашање и  почитувањето на човековите права на жените. Со оваа пресуда, исто така, се наруши владеењето на правото во Полска, истакнаа европратениците и претставниците на ЕУ на дебатата на пленарната седница, пренесе Хина.

Претставникот на португалското претседателство со Советот и државната секретарка на Португалија за европски прашања, Ана Паула Закаријас, го истакнаа прашањето за родовата еднаквост во случајот на полското законодавство.

-Иако ЕУ не е надлежна да одлучува за правото на абортус, треба да се има предвид дека правата за сексуално и репродуктивно здравје се основа за почитување на родовата еднаквост и човековите права, рече Закаријас.

Според многу пратеници, одлуката на полската Влада за забрана за абортусот докажа дека не се залага за благосостојба на жените, ниту за родова еднаквост.

-Тоа е влада што сака да задржи монопол врз вистината, да го прогонува сопствениот народ и да ги контролира одлуките на жените, рече Франсис Фицџералд од Европската народна партија (ЕПП).

Потенцијалната опасност од ваквата политика лежи во фактот дека оваа одлука ќе ги принуди жените да вршат абортуси без професионален здравствен надзор, предупредуваат некои пратеници.

„Докажано е дека забраните не доведуваат до помалку абортуси, туку до повеќе такви што се изведуваат во небезбедни услови“, рече членот на комитетот за правата на жените и родовата еднаквост, социјалдемократот, Предраг Фред Матиќ.

-Полска повторно ги турка своите граѓани да бидат дел од оваа тешка и поразителна статистика, нагласи Матиќ.

Европскиот комесар за еднаквост, Хелена Дал, истакна дека 98 проценти од досегашните абортуси сега ќе станат нелегални.

Романскиот конзервативец Кристијан Терхеш од Европските конзервативци и реформисти (ЕЦР) застана во одбрана на полскиот Уставен суд, нагласувајќи дека сите зборуваат за правото на жените на абортус, но не и за правото на живот на неродените деца.

Полска е претежно католичка земја и има еден од најстрогите закони за абортус во Европа, што ја прави се почест центар на протести и собири на незадоволни граѓани.

Масовните протести во Полска почнаа на 22 октомври кога Уставниот суд, реформиран од владеачката ултра-католичка Партија на законот и правдата (PiS), во согласност со нејзините желби, забрани абортуси во случаи на тешки деформации на фетусот, одлучувајќи дека е неуставно.

реклама

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Шоферска дилема: Колку често треба да се менува филтерот за воздух?

Read more

Кардиолозите открија која риба е одлична за срцето

Read more

Свет

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Read more

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Read more

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Read more

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Read more
 

Вести

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе

Франција: Напаѓачи убија двајца полицајци и побегнаа со затвореник

Читај повеќе

САД ѝ наметнаа тешки царини на Кина

Читај повеќе

МВР со детали за двојното убиство во Стајковци

Читај повеќе

На Токсикологија разрешен Петровски, но не и Илјази, од која се жалеа вработените

Читај повеќе

Јакимовски обвини дека им се украдени повеќе од 600 гласа

Читај повеќе

Лога: Ако играат чесно, ВМРО-ДПМНЕ нека го вратат уставното име

Читај повеќе

Kонтроверзниот закон за странски агенти помина во грузискиот парламент

Читај повеќе