ЕП: Усвоен извештајот на Ќучук за Северна Македонија на комисиско ниво

Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент го усвои извештајот за Северна Македонија, драфтиран од бугарскиот евопратеник Илхан Ќучук, јави дописничката на МИА од Брисел.

Извештајот е усвоен со 66 гласа за, 4 против и 5 воздржани.

Во текстот се утврдува реформскиот прогрес на земјата, се охрабрува да изнајде решение за спорот со Бугарија и се повикува Советот на ЕУ да ги отпочне преговорите што е можно поскоро.

Известувачот на ЕП за Северна Македонија, Илхан Ќучук, на Twitter порача дека со оглед на геополитичката ситуација  во светот земјата испорачала одржливи напори и повика да започнат долгоочекуваните преговори со ЕУ.

Од страна на Европската народна партија, известувачот во сенка Кристијан Сагарц, го поздрави напорот на Северна Македонија и посочи дека на потег е ЕУ да го исполни ветеното. Тој предлага процесот на преговори да започне со прв чекор на заедничка роаминг зона со ЕУ.

Шансите Бугарија да го крене ветото во јуни во Советот се многу мали, порачаа од бугарскиот државен врв. Европскиот парламент конзистентно ја поддржува ЕУ интеграцијата на Северна Македонија со години.

Извештајот сега треба да биде усвоен на пленарна седница пред летото.

реклама

Македонија

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Read more

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Read more

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Read more

Мицкоски: За разлика од Грција, Преспанскиот договор е дел од македонските институции

Read more
 

Вести

Мицкоски: Главен предизвик ќе бидат реформите во Судскиoт совет и Советот на јавни обвинители

Читај повеќе

Демири не кажа дали договорците од Токсикологија се стручни: Тоа прашање требаше да го поставите лани

Читај повеќе

Управен оформи предмети за седумте тужби на „Европскиот фронт“ против решенијата на ДИК

Читај повеќе

Моќната сестра на Ким Џонг-ун за испраќањето оружје во Русија: Тоа е фикција

Читај повеќе

Шпанија не дозволи закотвување на брод со околу 27 тони експлозив кој пловел за Израел

Читај повеќе

Белгискиот премиер го тужи новинарот кој повика на негово убиство

Читај повеќе

13 земји испратија предупредувачко писмо до Израел

Читај повеќе

Европските инвеститори претпазливи, индексите благо паѓаат

Читај повеќе

Лидерите на земјите од Западен Балкан со заедничка изјава остануваат посветени на процесите за членство во ЕУ

Читај повеќе