Ериксен заигра првпат по срцевиот удар и веднаш запиша асистенција

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен го одигра првиот натпревар по пауза од осум месеци во која се опоравуваше од срцев удар, а неговиот Брентфорд славеше против Саутенд со 3:2 на пријателски натпревар.

Ериксен пред осум месеци доживеа тежок срцев удар на натпреварот од ЕУРО 2020 меѓу Данска и Финска, но реши да ја продолжи кариерата иако му беше поставен дефибрилатор.

Нему му беше забрането да игра со дефибрилатор во Италија, но ја прифати поканата од најсилната лига во светот и ќе игра за Брентфорд во Премиер лигата. Тој денес го одигра својот прв натпревар таму.

Данецот, кој денеска го славеше 30-тиот роденден, одигра еден час на теренот, што е одлично со оглед на сето она низ кое помина и фактот дека не играше фудбал осум месеци.

На натпреварот запиша и асистенција за голот на Џош Дасилва, а во два наврата голманот на Саутенд го спречи да го постигне толку посакуваниот гол.

Ова е секако одлична вест за сите љубители на фудбалот бидејќи Ериксен не сака да се откаже и покрај големите здравствени проблеми. Останува да видиме колку може да донесе со играњето во Премиер лигата.

URL
реклама

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Фудбал

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Read more

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Read more

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Read more

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more
 

Спорт

Димитријевиќ од следната сезона ќе игра во Евролигата

Читај повеќе

Јунајтед три недели ќе биде без Мегваер

Читај повеќе
  • play_arrow

Спортинг ја освои титулата во Португалија

Читај повеќе

Мбапе подготвен да се соочи со Болт: Побрз е од мене, но ајде да се тркаме

Читај повеќе
  • play_arrow

Норис во солзи ја прослави првата победа во кариерата оставајќи го Верстапен зад себе

Читај повеќе

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе