Ерменија и Азербејџан повторно на нишан

Месеци откако договорот за примирје стави крај на воениот конфликт во Нагорно-Карабах, Ерменија и Азербејџан меѓусебно се обвинуваат за маневри вон договорените граници откако шесмина ерменски војници завршија во притвор во Азербејџан.

Министерството за одбрана на Азербејџан соопшти дека „на 27 мај околу 3 часот по полноќ извидничко-диверзантска група на воените сили на Ерменија направи обид да ја мине државната граница“.

Азербејџанските власти тврдат дека шестмината уапсени пробувале да постават мини со цел да се прекине доводот на роба и намирници, опишувајќи го делото како терористички чин.

Нешто подоцна ерменскиот премиер Никол Пашинјан обвини дека војниците биле киднапирани од ерменска територија.

„Нашите војници извршуваа работни задачи на договорената граница со Азербејџан. Работеа на поставување на знаци за предупредување од мини. Немаше никаква врска со саботажа“, рече Пашинјан.

„Провокациските акции на воено-политичката власт на Азербејџан имаат за цел да ја разгорат ситуацијата, што сериозно може да го растури кревкиот мир и стабилност во регионот“, додадоа од ерменското министерство за надворешни работи.

Двете кавказки републики уште од излегувањето од Советскиот Сојуз се во спор поради делот наречен Нагорно-Карабах каде мнозинство се етнички Ерменци, но територијано му припаѓа на Азербејџан. Регионот е самопрогласена ерменска Република Арцах, но меѓународно непризната.

реклама

Свет

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Read more

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Read more

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Read more

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Read more
 

Вести

  • play_arrow

Мојсоска: Усеини од ДУИ доби 500.000 евра од ДПМНЕ во Охрид

Читај повеќе

СДСМ: Граѓаните масовно да излезат на изборите на 8 ми мај, се одлучува за иднината

Читај повеќе

На полноќ настапува молк пред вториот круг од претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Путин издаде наредба: Вооружените сили на Русија ќе вежбаат употреба на нуклеарно оружје

Читај повеќе

Православните верници денеска слават втор ден Велигден и Ѓурѓовден

Читај повеќе

Во мај уште еден продолжен викенд

Читај повеќе

Демократски сојуз ги повикува граѓаните да гласаат за Силјановска и ВМРО-ДПМНЕ

Читај повеќе

Времето денеска сончево, од среда пороен дожд и грмежи

Читај повеќе

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе