Ескобар: Едностраните потези на Косово ќе имаат последици

Специјалниот претставник на Соединетите Американски Држави за Западен Балкан, Габриел Ескобар, изјави дека на Косово му е сосема јасно дека не може да направи унилатерални потези и да го спроведе указот на Централната банка на Косово за забрана на српскиот динар и дека таквите потези би имале последици.

„Подготвени сме да помогнеме во решавањето на проблемот, но Србија и Косово мора да се вратат на дијалогот и да ги почитуваат постоечките договори“, изјави Ескобар за Танјуг.

Според американскиот претставник, многу од прашањата што ги оптоваруваат односите меѓу Србија и Косово би можеле да се решат со формирање заедница на српски општини на северот на Косово.

Ескобар вели дека САД целосно го поддржуваат дијалогот под покровителство на Европската Унија и вложуваат максимални напори тој да продолжи, како и дека дијалогот е единствениот канал за решавање на „билатералните прашања“.

„Зад тоа стојат нашата техничка и економска поддршка, како и нашето политичко влијание, бидејќи на крајот на денот, нашите најголеми аспирации се Косово и Србија да влезат во Европската Унија и во меѓувреме да развиваат мирни, продуктивни и ефикасни билатерални односи во меѓувреме“, рече Ескобар.

реклама

Регион

Србија се соочува со сериозен недостиг на работници во автосервисите

Read more

Грција воведува шестдневна работна недела

Read more

ЕУ ќе му даде на Западен Балкан помош од две милијарди евра до 2027 година

Read more

Атина обвиена во сахарска прашина - личи на колонија на Марс

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе