ЕСС: Четвртиот пакет мерки тежок 350 милиони евра вклучува поддршка за најпогодените сектори и категории на граѓани

Четвртиот пакет економски мерки тежок 350 милиони евра е продолжение на претходните три пакети и е сублимирање на анализите направени преку консултациите со сите засегнати чинители во општеството, со цел опфатот во овој пакет да биде насочен кон поддршка и помош на најпогодените сектори и категории на граѓани, појасни вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи на денешната втора седница на Економско-социјалниот совет (ЕСС) во Владата.

– Четвртиот пакет економски мерки опфаќа поддршка за исплата на плати за последниот квартал на годината, платежни картички за одредени категории на граѓани на кои помошта им е најпотребна, грантови за најпогодените сектори, намалување или укинување на парафискални давачки, зголемување на грејс периодот кај бескаматните кредити од КОВИД 1 и дополнително одложување на отплата на кредитите од компаниите, рече Битиќи при презентирањето на мерките од четвртиот пакет мерки за поддршка на компаниите и граѓаните креирани со цел ублажување на последиците од пандемијата со COVID-19.

Од страна на членовите на Економско-социјалниот совет, информираат од владината прес-служба, беше констатирано дека четвртиот пакет економски мерки е доста обемен, со оглед на тоа дека се опфатени и компаниите со цел поддршка за нивни опстанок во време на корона пандемијата, задржување на работните места и поддршка на граѓаните и дека вклучува поддршка и помош за најпогодените сектори и категории на граѓани.

Економско-социјалниот совет денеска ја одржа својата втора седница предводена од министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска како претседателка, заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, министерот за финансии, Фатмир Бесими и останатите членови на ЕСС.

реклама

5 хороскопски знаци ќе бидат на чекор до раскинување во мај

Read more

3 здрави јаглехидрати за контрола на шеќерот во крвта

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

Народната банка ја додели Годишната награда за млади истражувачи за 2024 година

Читај повеќе

Уапсен дилер од Штип, пронајдена дрога и голема сума пари

Читај повеќе

27 април 1952, роден е Горан Стефановски

Читај повеќе

Стружанец објавувал експлицитна содржина од малолетничка

Читај повеќе

СДСМ: 27 април е крвав потсетник на режимот на ДПМНЕ

Читај повеќе

Нови 27 случаи на голема кашлица, најмногу во Скопје

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: СДС коваат две сценарија –бојкот на избори или влада со ДУИ

Читај повеќе

Променливо време со температури до 23°C, затоплување од понеделник

Читај повеќе

Украина не го доби она што најмногу го сакаше од Американците

Читај повеќе