Етна со црна пепел ги покри околните гратчиња
Неколку населени места на источната страна во подножјето на вулканот Етна се обоија во црно откако вулканот ги прекри со црна пепел.
Плоштадите, улиците и тротоарите во населените места наликуваат небаре се цели премачкани со црна боја.
Локалните власти прогласија вонредна состојба поради ерупцијата на вулканот.