ЕУ ја одби бугарската декларација за Северна Македонија

Советот на ЕУ ја одбил бугарската декларација со која се барало „ефективно гонење и осуда за злосторства од омраза од страна на властите во Северна Македонија“. Софија барала нејзината унилатерална изјава да влезе во заклучоците на Советот за општи работи во делот за Северна Македонија, но министрите го одбиле тоа барање.

Дел од медиумите во Бугарија вчера објавија дека бугарската декларација била прифатена, но според заклучоците на Советот во кои имал увид Deutsche Welle, тоа не е случај. Бугарските медиуми се повикуваат на заклучокот за „понатамошно зајакнување на основните права, слободата на медиумите и слободата на изразување“ кој е наведен во точката 12 од заклучоците, и кој се однесува на сите земји од регионот на Западниот Балкан.

Во изјава за Deutsche Welle, тоа го потврди и вицепремиерот за евроинтеграции Бојан Маричиќ.  – Унилатералната декларација на Бугарија не е дел од заклучоците, и тој нивни поединечен став не беше прифатен од останатите земји, вели Маричиќ.

Вицепремиерот појаснува дека заклучоците на советот „само потсетуваат на претходните заклучоци“ донесени во јули годинава од летово „и сѐ останато е поддршка за нашата позиција и и продолжување на пристапните преговори“.

Добрососедските односи и регионалната соработка остануваат суштински елементи на процесот на проширување, како и на Процесот на стабилизација и асоцијација. Советот потсетува на важноста од постигнување опипливи резултати и спроведување на билатералните договори, вклучувајќи го и договорот од Преспа со Грција и Договорот за пријателство, добрососедство и соработка со Бугарија. Во текстот се напоменува дека мора да се избегнуваат изјави и активности што негативно влијаат врз добрососедските односи и на мирното решавање на споровите.

реклама

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Како да го зачувате лебот свеж без да го ставате во фрижидер?

Read more

Регион

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Read more

Една година од масакрот во „Рибникар“ во Белград, беа убиени девет ученици и чувар

Read more

Избрана е новата Влада на Србија

Read more

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе