Македонскиот ракометен претставник Еурофарм Пелистер со нов убедлив триумф (26:36) над Татран обезбеди пласман на завршниот Ф4 турнир во регионалната СЕХА лига.
Словачкиот тим играше со комбиниран состав и на реваншот, а Еурофарм Пелистер покажа дека е многу поквалитетен тим.
Битолчани поведоа со 1:5 на стартот, а потоа имаа и двоцифрена предност (7:19). На полувреме заминаа со десет гола позитива (10:20).
Ненад Костески беше најефикасен во редовите на Еурофарм Пелистер со 11 постигнати гола, а Дарко Стевановиќ постигна 7 погодоци.
Битолчани во полуфиналето го чекаат подобриот од дуелот на белградски Партизан со унгарски Веспрем. Српскиот тим од првиот натпревар има убедлива предност од 39:24, а реваншот е на програмата во среда.
Многу веројатно дека ракометна Македонија ќе има претставник и во второто полуфинале бидејќи Вардар утре ѝ гостува на Војводина со огромна предност од 38:25 од дуелот во Скопје. Вардар во полуфиналето би играл со подобриот од хрватската пресметка Нексе - Загреб.