ЛЕТНИ ТРАНСФЕРИ 2022

Евертон тргна по Елиф Елмас

Италијанските медиуми пренесуваат дека премиерлигашот Евертон сака во своите редови да го донесе македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, кој ги брани боите на Наполи.

Наполи летово работи на трансформација на тимот, па можно е да му дозволи на нашиот Елмас да го напупшти клубот. Денеска на медицински прегледи во Неапол се пристигнати две нови засилувања, и тоа Џакомо Распадори од Сасуоло и Танги Ндомбеле од Тотенхем, и двајцата офанзивци, што значи дека клубот ќе треба и да се ослободи од некои кои се вишок.

Еден од тие, а за кој постои и интерес од други клубови, е токму македонскиот репрезентативец Елиф Елмас. Според трансфер експертот на Sky Sport Italia, Џанлука Ди Марцио, Евертон е заинтересиран за Елмас, а Наполи би можел да се ослободи и од Мексиканецот Ирвинг Лосано, за кого се интересира Манчестер Јунајтед.

Елмас никогаш не стана стандарден првотимец во Наполи и најчесто влегува во игра од клупата за резерви, како што беше случај и на отворањето на сезоната во Серија А минатиот викенд кога ги одигра последните 22 минути на гостувањето кај Верона. Следниот месец ќе наполни 23 години, а договор со Наполи има до 2025 година. Вредноста на македонскиот бисер според Transfermarkt се проценува на 24 милиони евра. Од доаѓањето во Наполи летото 2019 има одиграно 127 натпревари во сите натпреваруња, постигна 11 гола и асистираше 8 пати.

URL
реклама

Фудбал

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Read more

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Read more

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Read more

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Read more
 

Спорт

ФИФА во очај: Ни Меси не помага за продажба на влезници

Читај повеќе

Пеп ќе си замине ако нема чистка во Сити

Читај повеќе

Модриќ одби да помине медицински прегледи за Милан

Читај повеќе

Гатузо на чекор да стане селектор на Италија

Читај повеќе
  • play_arrow

Неочекуван херој ѝ донесе победа за водство на Индијана

Читај повеќе
  • play_arrow

Иван Ракитиќ под истрага за мултимилионска измама, тврдат Шпанците

Читај повеќе

Бомба од „Чизмата“: Кевин Де Брујне потпишува за Наполи!

Читај повеќе

Бразил со Анчелоти сруши уште еден мундијалски рекорд

Читај повеќе

Финците и Полјаците престанаа со игра додека на трибините оживуваа навивач

Читај повеќе