Евра обвини за расизам во француската федерација

Поранешниот француски репрезентативец во јавност изнесе низа обвинувања за силно присуство на расизам кај водечките луѓе на ФФФ, расизам кој се пренесувал и во репрезентацијата.

„Кога доаѓаат претседатели или политичари сите си имаме одреди места. Еднаш ме префрлија на крајот од масата, каде што беа Бакари Сања и Мамаду Сако. Иго Љорис и Лоран Косјелни секогаш седат на средина, каде што е претседателот. Свесни бевме за овие 'правила'. Ако претседателот сака слика, подобро е да ја направи со Љорис и Косјелни отколку со Сања и Сако“, обвинува Евра.

Погодувате, Евра седел со останатите црнци Сања и Сако, додека претседателот бирал да седи со белците Љорис и Косјелни.

Патрис Евра, сега 39-годишен, играше за Франција во периодот од 2004 до 2016 година и собра 81 настап. Роден е во Дакар, главниот град на Сенегал, а во Франција живее од 3-годишна возраст.

Евра откри и дека прочитал неколку пораки кои биле испратени на селекторот Дидје Дешан. Содржината на едно гласела: „Диди, земи си ги мајмуните и марш во Африка!“.

Многу слични писма пристигнувале во тренинг-центарот на репрезентацијата. „Ги криевме, некои и сега ги чувам. Дури добивме и кутија полна со фекалии“.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Фудбал

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Read more

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Read more

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Read more

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Читај повеќе
  • play_arrow

Далас беше на -17, па Дончиќ и друштвото се разиграа и изборија финале на Западот

Читај повеќе
  • play_arrow

Доживотно суспендиран судија: Се качил на бина и славел со тимот на кој му помогнал да победи

Читај повеќе

Бекеле по 12 години повторно на Олимписките игри

Читај повеќе

Модриќ и наредната сезона ќе игра за Реал

Читај повеќе
  • play_arrow

Индијана избори мајсторка со Њујорк, катастрофална шутерска вечер на Брансон

Читај повеќе

Лаутаро Мартинес и Интер работат на продолжување на договорот

Читај повеќе