Мерките се многу радикални, па системот би можел да го запре возилото откако ќе го предупреди возачот дека влегува во зоната на нулта емисии со недоволно наполнета батерија.
До 2030 година, најмалку 36 градови ќе имаат зони со нулта емисии. Најголем дел од нив се во Европа, а секако тука спаѓаат Берлин, Париз и Рим, што значи дека во овие зони ќе смеат да влезат само електрични возила.
Токму затоа plug-in хибридите во иднина би требало да добиваат систем на автоматско префрлање на електричен погон во зависност од локацијата на која се наоѓаат.
E-drive зоната е сè почеста во Европа, а овој систем, кој веќе го има новиот Range Rover, би можело да стане услов за користење на plug-in хибриди во тие зони, пишува британски Autocar.
Мерките се многу радикални, па системот би можел да го запре возилото откако ќе го предупреди возачот дека влегува во зоната на нулта емисии со недоволно наполнета батерија.
Ова би овозможило т.н Geofencing, и како дел од стандардот Euro7, ќе ја носи ознаката 7G.
Toyota смета дека оваа мерка нема да влијае само на оние модели кои сакаат 7G класификација, туку и на сите на пазарот. Автомобилскиот гигант од Далечниот Исток веќе тестира ваков систем во Јапонија, на моделот Lexus NX.
Општо познато е дека многу корисници на plug-in хибриди не го користат доволно потенцијалот на хибридниот погон. Тие ретко ги полнат батериите, па на крајот практично го возат автомобилот со дополнителна баласт (батерии), што резултира со тоа што овие автомобили понекогаш трошат повеќе од еквивалентно возило со фосилно гориво.
Со таков систем, би се ставило крај на невнимателните корисници, барем во посебните еко градски зони.
За потсетување, стандардот Euro7 стапува на сила на 1 јануари 2025 година.