Европа пак „под клуч“: Мислите дека кај нас е строго? Ова се земјите со најстроги корона мерки

Многу европски земји повторно воведуваат затворање или делумно затворање на почетокот на 2021 година за да се борат против зголемениот број нови инфекции и смртни случаи.

Сепак, постојат земји кои ги олеснуваат епидемиолошките мерки. Грција, Холандија, Данска и Италија се определија за делумни попуштања на мерките, главно по региони.

Франција, Србија, Чешка, Шпанија и Португалија воведуваат нови построги мерки и нови затворања. Заклучувањето во Белгија е продолжено и остануваат строги мерки во Германија и Ирска. Шведска ги заостри своите мерки пред неколку дена, но тоа сè уште не се драстичните мерки што ги видовме низ цела Европа.

Откако во изминатиот период се бележи благ пораст на бројот на новозаразени и честа појава на случаи со мутираниот, британски сој на вирусот кај нас, министерот за здравство Венко Филипче пред два дена рече дека кај нас не е исклучена можноста за нови рестрикции, но засега нема да има.

Погледнете детален преглед на мерките по земја на крајот на февруари.

ФРАНЦИЈА - Делови од земјата се затвораат

Делумно затворање е во сила од овој викенд во делови на Франција особено тешко погодени од пандемијата на коронавируси, односно во областа Ница и крајбрежјето на југ и север околу Данкирк.

Затворањето важи само за време на викендите, кога луѓето можат да излегуваат само од валидна причина. Продавниците, освен супермаркетите и аптеките, се затворени.

Валидни причини вклучуваат спортување, одење на прошетка во радиус од пет километри од домот или пазарење на неопходни намирници. Граѓаните мора да го документираат ова со пополнет образец.

Француската ривиера се затвора

Градоначалникот на Ница, Кристијан Естроси, исто така затвори делови од познатото крајбрежно шеталиште Promenade des Anglais и плажите.

Во регионите околу Ница и Данкирк е во сила полициски час од 18 часот, како и во другите делови на земјата. Сите продавници мора да бидат затворени, а не е дозволено спортување, ниту прошетки.

Ваквиот полициски час е во сила веќе неколку недели во Франција, со исклучок на враќање или одење на работа и шетање милениче.

Премиерот Жан Кастекс во четвртокот издаде зголемено предупредување за коронавирус во 20 административни единици, а локалните власти може да размислат за воведување построги мерки. Меѓу погодените региони е и градот Париз.

Бројот на нови случаи повторно се зголеми

Во Франција, неодамна бројот на нови случаи на 100.000 жители се искачи над 200. Училиштата се отворени и состојбата е стабилна, но сега повторно се влошува. Франција има вкупно 3,75 милиони заразени од почетокот на пандемијата и е на шестото место во светот по тој број. Починаа скоро 86.000 луѓе.

ГЕРМАНИЈА - Строгите мерки остануваат во сила

Германија исто така се соочува со зголемување на бројките. Таму се во сила строги мерки - затворени се сите несуштински дуќани, како и училиштата, рестораните, кафулињата и баровите, фризерите, салоните за мебел и трговските центри.

Приватните собири се сведени на друштво од само едно лице од друго домаќинство, а луѓето веќе не смеат да носат маски направени дома или шалови во продавниците и во јавниот превоз.

Сега се задолжителни хируршки маски за еднократна употреба или маски со филтер (FFP2). Ваквите мерки во Германија ќе останат на сила барем до 7 март, но училиштата и фризерските салони можно е да се отворат и порано.

Наставата во училница продолжи на 22 февруари во повеќе од половина од германските покраини, вклучувајќи го и Берлин.

ГРЦИЈА - По строгиот локдаун, некои мерки се олабавени

Грција има малку полесна ситуација. Строгиот локдаун од ноември помогна да се намали огромниот раст на бројот на нови случаи на инфекција, па затоа продавниците и основните училишта беа отворени во јануари.

Но, на крајот на јануари во Грција се појавија т.н. црвени зони, места со зголемен број на новоинфицирани и мртви, вклучително и главниот град Атина, а потоа беше воведен нов локдаун. Ова значи дека сите несуштински дуќани, училишта, фризери и козметички салони се затворени.

Во Атина, Солун и Халкидики, полицискиот час е во сила од девет навечер до пет наутро во текот на неделата, додека за време на викендите е малку построг - од шест попладне до пет наутро. Во црвените зони, полицискиот час е во сила постојано од шест попладне до пет наутро.

СРБИЈА - Делумно заострени мерки

Кризниот штаб на српската влада за борба против коронавирусот се откажа од намерата да се обиде да го прекине ненадејниот скок на бројот на новоинфицирани, кој е поголем од 3.000 два дена по ред, со затворање на сите угостителски објекти за пет дена, и препорача малку поблаги мерки.

Скратено работно време

Така, на Владата ѝ се препорачува да донесе одлука да се скрати работното време до 14 часот за време на викендите низ целата земја за сите трговски центри, ресторани и кафулиња кои, особено во зимските центри, се сметаат за клучен извор на инфекција.

Градските власти во Белград, каде е забележан најголем процент на заразени на дневна основа, се спротивставија на затворањето на рестораните, тврдејќи дека тие нема да дозволат затворање на главниот град, бидејќи зимските центри не ги почитуваат мерките и бидејќи кафулињата се отворени до пет наутро.

Веќе со недели, Србија бележи четирицифрена статистика на заразени на дневна основа, а последните денови зголемувањето на новите инфекции се припишува на враќање на илјадници луѓе од зимување, но и на неодговорноста на граѓаните.

Властите, со ангажирање на инспекции и комунална полициска и полициска помош, значително ги засилија контролите за усогласеност со епидемиолошките мерки.

Луѓето се собраат во кафулиња

Само во последните неколку дена десетици ресторани беа затворени поради кршење на работното време, со прекумерен број на гости, бидејќи во неколку локали беа затечени по стотици гости, па беа преземени прекршочни и казнени мерки.

Србија е една од ретките земји во светот што употреби четири одобрени вакцини во својата кампања за имунизација - Pfizer / BioNTech, руската Sputnik V, кинеската Sinopharm и, од почетокот на оваа недела, вакцината на AstraZeneca увезена од Индија.

Според последните официјални податоци, до петокот биле вакцинирани 1.361.509 граѓани, од кои околу половина милион ја примиле втората доза.

Медиумите објавија дека третиот контингент на кинеската вакцина со 500.000 дози треба да пристигне во Белград неделава, со досега доставени 1,5 милиони дози.

ИТАЛИЈА – Построги мерки до после Велигден

Италијанската влада во петокот ги заостри ограничувачките мерки во пет од 20-те региони во обид да го спречи брзото ширење на инфекцијата со коронавирус, особено со многу позаразните нови варијанти.

Италија воведе систем со четири зони во зависност од преваленцата на инфекцијата (бела, жолта, портокалова и црвена), што овозможува прилагодување на ограничувачките мерки, а ситуацијата се проценува секоја недела.

За прв пат од крајот на јануари, два региона, Базиликата и Молизе, се класифицирани како црвени зони. Ова значи дека тие треба да затворат барови и ресторани, строго да го ограничат движењето на луѓето и да затворат сè, освен неопходните продавници. Три региони се префрлени од жолта во портокалова зона, Ломбардија и Пиемонт, каде се наоѓа Милано, односно Торино, како и централниот крајбрежен регион Марке.

Во овие региони, рестораните и баровите се затворени, освен за достава и на луѓето не им е дозволено да ги напуштаат своите градови, освен во итни случаи, од работни и здравствени причини.

Сардинија е првиот регион прогласен за бела зона и има само минимални ограничувања.

Од денеска, два региона ќе бидат црвени, девет портокалови, осум жолти и еден бел.

Бројот на нови случаи расте

Министерството за здравство во петокот предупреди дека бројот на заразени продолжува да расте - во изминатите 24 часа имало 20.499 новоинфицирани, а претходниот ден 19.886.

Италија во петокот соопшти 253 смртни случаи од коронавирус, наспроти 308 случаи претходниот ден.

„Многу случаи на инфекција се предизвикани од новите варијанти. Загрижен сум за ширењето на епидемијата. Мора да продолжиме да бидеме на штрек и да интервенираме брзо и одлучно каде што е потребно“, изјави советникот на Министерството за здравство, Џани Реза.

Со регионални ограничувања, спортските сали остануваат затворени скоро низ целата земја, а работното време на баровите и рестораните е ограничено.

Мерките скоро сигурно ќе останат на сила и по Велигден, 4 април.

Министерот за култура Дарио Франческини рече дека владата сè уште размислува дали да ги отвори кината и театрите во жолтите зони од 27 март.

ЧЕШКА - Ситуацијата во болниците е критична, построг локдаун

Една од најтешко погодените земји во ЕУ го заострува локдаунот. Чешка се приближува до бројката од 20.000 смртни случаи, а премиерот изјави дека „ситуацијата во болниците е близу до вистинска катастрофа“.

Чешката влада во петокот донесе одлука за нова вонредна состојба што ќе стапи на сила во недела и ќе трае 30 дена, ограничувајќи го движењето на луѓето во обид да го намалат ширењето на коронавирусот меѓу населението, се вели на владиниот профил на Twitter.

Потегот се очекуваше откако парламентот одби во петокот порано да ја продолжи сегашната вонредна состојба.

Нов локдаун

Владата се состана да финализира нови поостри мерки бидејќи се обидува да ја намали највисоката стапка на раст на инфекции во светот.

Земјата со 10,7 милиони жители, во која едно од десет лица е заразено во изминатата година, има најголема стапка на инфекција по глава на жител во изминатата недела, според Our World in Data, десет пати поголема од Германија.

Владата планира да ги затвори училиштата, да затвори дел од продавниците и да го ограничи патувањето во земјата само на неопходни патувања.

Министерот за здравство Јан Блатни изјави дека починале 19.999 лица со позитивен тест за коронавирус. Блатни пред Парламентот рече дека дневните инфекции можат да се искачат над 18.000 во следната недела или две и да останат на тоа ниво доколку не се воведат дополнителни ограничувања.

ШПАНИЈА - Полициски час до мај

Шпанија го задржа полицискиот час во сите делови на земјата до мај 2021 година. На луѓето им е дозволено да одат надвор за работа, образование и здравствена нега или во случаи кога им е потребна помош на стари лица и деца.

Сите над шест години мора да носат маска на јавен превоз и на јавни места, вклучително и во затворено. Маските се задолжителни во повеќето региони и на отворени простори.

БЕЛГИЈА – Продолжен локдаунот

Белгија го продолжи локдаунот до 1 април. Забранети се сите несуштински патувања. Максимум од една личност е дозволено да посетува домаќинство (и секогаш истата личност) и да се сретне со некого на отворено. Максималниот број на луѓе собрани надвор е четворица.

Училиштата и продавниците се отворени, но луѓето мораат сами да одат на шопинг и не смеат да останат во продавниците повеќе од триесет минути.

Маските се задолжителни насекаде.

ПОРТУГАЛИЈА – Строг локдаун

Португалија воведе строг локдаун уште на 15 јануари. Работата од дома е задолжителна, несуштинските продавници и услужните дејности се затворени. Кафулињата и рестораните се ограничени само на храна за носење и достава на храна пред врата.

За повеќето деца, училиштето е затворено и овие нови мерки за затворање се очекува да бидат во сила најмалку до денеска, 1 март.

ХОЛАНДИЈА - Полицискиот час останува, но некои мерки се олабавуваат

Холандската влада донесе одлука за релаксирање на некои од епидемиолошките мерки. Од 1 март средношколците ќе имаат барем еден ден настава во училиштата.

Од 3 март ќе се отворат фризерски салони и други „контактни“ професии (освен сексуални работници). Тинејџерите и возрасните до 27 години можат да играат спорт на отворено, а продавниците можат да им ги отворат вратите на клиентите кои закажуваат состанок однапред.

Во сила е полициски час кој трае од 9 навечер до 4:30 часот наутро. За потсетување, полицискиот час беше причината за најголемите немири што избувнаа во Холандија во изминатите 40 години. Но, владата одлучи да го одржи на сила барем до 15 март.

Владата ги повика луѓето да не резервираат патувања во странство барем до 31 март.

ДАНСКА - Мерките се олабавуваат

Данската влада исто така одлучи да релаксира некои од епидемиолошките мерки.

Голем дел од малопродажниот сектор треба повторно да се отвори во март, а активности на отворено, како што се спортови, ќе продолжат за најмногу 25 лица.

Постарите ученици се очекува да се вратат во училниците, и тоа само во региони кои имаат мала стапка на нови инфекции.

Данска е во локдаун од декември, сите продавници се затворени, освен супермаркетите и аптеките. Училиштата неодамна се отворија само за помладите ученици во основно.

ИРСКА- Најстрогите мерки на сила

Ирска се врати во строг локдаун кон крајот на декември, откако претходно ги релаксираше патничките мерки за време на божиќните празници.

Најстрогите мерки, оние на петто ниво, се во сила најмалку до 5 март.

На луѓето не им е дозволено да ги напуштаат своите домови, освен да одат на работа, за образование и други суштински причини. Ним им е дозволено да вежбаат на отворено, но во радиус од пет километри од дома.

Не се дозолени посети во приватни домови или дворови освен ако лицата не се грижат за деца, стари лица или за оние кои се ранливи групи на граѓани.

Венчавките се ограничени на шест лица, а погребите на 10. Сите несуштински продавници, спортски сали, базени и простории за одмор се затворени. Ресторани, пабови и кафулиња работат само со достава и храна/пијалаци за носење.

ШВЕДСКА - Владата ги воведе првите големи ограничувања

Шведска долго време избегнуваше да наметнува рестриктивни мерки за време на пандемијата, но на 10 јануари беше изгласан итен закон кој стапи на сила веднаш.

Ова ѝ овозможи на владата за првпат да воведе ограничувања поради корона-кризата.

Шведските власти досега најмногу се потпираа на препораки и очекувањата дека граѓаните ќе ги следат. Немаше значителни задолжителни ограничувања.

Луѓето сега се обврзани да носат маски во јавниот превоз, но само во сообраќајот на патиштата. Сепак, некои региони препорачуваат носење маска надвор од тоа време.

Пред неколку дена беше воведена забрана за продажба на алкохол по осум часот навечер, а само на четири лица им е дозволено да седат на маса во ресторани.

Не повеќе од осум лица можат да се собираат во јавност или на некој настан. Некои други затворања наводно се разгледуваат, но досега ништо не е потврдено.

УНГАРИЈА - Останува локдаунот

Унгарија ќе го продолжи делумното затворање до 15 март бидејќи се очекува натамошен раст на инфекциите во следните две недели, рече во четвртокот шефот на кабинетот на премиерот Виктор Орбан.

Гергели Гуљас на брифингот рече дека следните две недели ќе бидат „исклучително тешки“ и дека вакцинацијата ќе се забрза откако Унгарија во средата започна да вакцинира со кинеската вакцина Sinopharm.

„Третиот бран (на пандемијата) ја погоди Унгарија и цифрите ќе се влошат во следната недела до две“, рече Гуљас. „Некои тврдат дека ќе видиме драматично влошување.“

Сите основни училишта се затворени од 11 ноември, хотелите и рестораните можат само да доставуваат храна, сите собири се забранети и во сила е 20-часовен полициски час.

СЛОВЕНИЈА - Продолжени мерки

Поради влошената епидемиолошка состојба во еден од 12-те статистички региони, словенечката влада во четвртокот повторно воведе построги ограничувања, додека другите мерките што важеа досега се продолжуваат до 5 март.

По неодамнешниот протест на таксистите, кои требаше да се тестираат за коронавирус двапати неделно, владата на Јанез Јанша донесе одлука тестовите да се вршат само еднаш неделно, а истото важи и за возачите на автобуси и за спроводниците на возовите.

Покрај тоа, претставници на владата и полицијата предупредија дека поради флуктуацијата на бројот на нови случаи во последните денови, влегувањето на Словенија во т.н. жолтата фаза на епидемијата, кога учениците од сите одделенија ќе можат да одат на училиште и кога се очекува укинување на полицискиот час.

ПОЛСКА - Воведени се построги мерки

Полска најави дека повторно ќе воведе ограничувања во североисточниот регион, кој објави релативно голем број на нови инфекции во споредба со остатокот од земјата.

„Одлучивме да направиме мал чекор назад“, рече министерот за здравство Адам Ниџиелски на прес-конференција, додавајќи дека трговските центри, хотели и училишта во регионот Вормијан-Масуриан ќе бидат затворени од сабота.

Полска олесни некои ограничувања со отворање скијачки центри, кина, хотели и театри до максимум 50 проценти од капацитетот, предупредувајќи дека тие мерки можеби ќе треба да бидат укинати во зависност од ситуацијата.

ФИНСКА - Поостри мерки од 8 март

Финска се затвора три недели од 8 март и е подготвена да прогласи вонредна состојба за да се спречи ширењето на коронавирусот, објави во четвртокот премиерката Сана Марин.

Затворањето нема да вклучува полициски час, но рестораните ќе бидат затворени, а учениците над 13 години ќе преминат на учење на далечина, објави владата.

Премиерката Марин рече дека е подготвена да прогласи вонредна состојба неделава и разговараше за тоа со претседателот Саули Ниинист.

Вонредна состојба ќе бара здравствените работници да работат подолго.

Марин смета дека е потребна вонредна состојба за да се спречи ширењето на новите соеви на коронавирус.

„Ако чекаме ситуацијата да се влоши, ќе биде уште потешко да се запре“, рече таа.

Но, министерката за правда Ана-Маја Хенриксон, член на помала партија во владејачката коалиција, смета дека употребата на сите кризни овластувања не е неопходна и дека би било доволно да се ограничи работата на ресторанот.

Иако Финска има трета најниска стапка на инфекција во Европа зад Исланд и Норвешка, земјата од 5,5 милиони жители забележа голем пораст на дневните инфекции од 590 во средата.

БиХ - Ненадеен скок на бројот на заразени, воведени построги мерки

Во Босна и Херцеговина има голем скок на дневниот број на нови инфекции. Епидемиолозите во БиХ со денови предупредуваат дека сè укажува на тоа дека, по периодот на релативна стабилност во јануари, инфекцијата сега повторно се шири и тие оценија дека ова е резултат на намалувањето на усогласеноста со пропишаните ограничувачки мерки.

Кризниот штаб на Федерацијата БиХ во средата воведе нови ограничувачки мерки, но дозволи продолжување на работата на угостителските објекти и сите услужни активности, како што беше случај претходно.

Воведени се нови ограничувања за приватни собири, на кои може да се сместат до десет лица, а ограничувањата се однесуваат и на погреби, на кои може да се сместат до 25 лица.

Музиката во живо сега е забранета во рестораните.

На инспекциските служби и полицијата им е наредено да ги засилат контролите за носење заштитни маски и во затворени простории и на отворено.

Тагови
реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе