Европратениците предлагаат продолжување на преодниот период по Брегзит

Високопозиционирани претставници на Европскиот парламент го повикаа Обединетото Кралство да прифати продолжување на рокот на важење на привремениот договор со ЕУ за трговските прашања.

Дојче Веле јави дека потпретседателката на ЕП, Катарина Барли, истакна дека Лондон се судрува со двојно оптоварување, прво поради Брегзит, а потоа и поради новиот вид на коронавирус, па затоа смета дека преодниот рок треба да се продолжи.

Според Барли, Европската Унија подава рака со предлогот за продолжување на преодниот рок. Одлуката сега е во рацете на британскиот премиер Борис Џонсон, кој треба да го прифати предлогот. Преодниот период за време на кој Обединетото Кралство ужива во трговските преференции на членка на ЕУ истекува на 31 декември 2020 година.

И европратеникот Дејвид МекАлистер изрази загриженост за критичната состојба предизвикана од новиот вид на коронавирус. Претседателот на трговскиот комитет на ЕП, Бернд Ланге го поддржа предлогот, но истакна дека Лондон веројатно нема да го прифати.

Преговорите меѓу ЕУ и Обединетото Кралство за односите по Брегзит продолжија и вчера, без разлика што истече крајниот рок. Европскиот парламент сега и нема да може да го ратификува идниот договор до крајот на годината по брза постапка, доколку тој и биде постигнат.

Брисел и Лондон не успеаја да се договорат за правото на компаниите од ЕУ да рибарат во британските води. Покрај тоа, другите спорни прашања вклучуваат еднакви услови и санкции за кршење на идниот договор за Брегзит. Доколку договорот не се постигне двете земји од 1 јануари воведуваат меѓусебни царини, што според експертите ќе има сериозни негативни последици и за економијата на ЕУ и на Обединетото Кралство.

На крајот на минатата недела, ЕП почна со подготовките за ваквото сценарио, а европратениците изгласаа голем број итни мерки во областите риболов, безбедност на летовите и воздушен и копнен транспорт во случај да не се постигне договорот за трговија.

Тагови
реклама

Храна што треба да ја јадеме често против лош холестерол

Read more

Нов проблем за сопствениците на големи автомобили

Read more

Финансиски хороскоп до 19 мај: Кои датуми ќе бидат критични?

Read more

Ужина за здрави црева, по препорака на гастроентеролог

Read more

Свет

Зеленски го откажа патувањето во Шпанија и Португалија поради руската офанзива

Read more

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Read more

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Read more

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Read more
 

Вести

Зеленски го откажа патувањето во Шпанија и Португалија поради руската офанзива

Читај повеќе

Запален автомобилот на директорот на затворот ,,Идризово“

Читај повеќе

Каков нов симбол се појави на руските тенкови?

Читај повеќе

ЕУ ќе распореди пожарникари на потенцијалните места за шумски пожари

Читај повеќе

Волстрит расте, но инфлацијата не стивнува

Читај повеќе

Падот на моќниот и вечен Шојгу

Читај повеќе

Променливо облачно и врнежливо време со ретки грмежи

Читај повеќе

Русија става во функција нов елемент на нуклеарниот арсенал

Читај повеќе

ЕУ ги заострува правилата за мигрантите

Читај повеќе