Европски гурмани: Најдобра храна во Атина и Белград, најевтина во Скопје

Најновото истражување за тоа во кој главен град на Стариот континент е најдобро да се јаде даде интересни резултати, а лидери се градовите на Балканот.

Експерти од порталот Uswitch направија истражување кое треба да даде одговор на прашањето која е најдобрата европска престолнина за љубителите на храната.

Врз основа на анализата што вклучува ресторани од секој град, просечната цена на оброците, просечната цена на уличната храна, цените во кафулињата, баровите, пабовите, вегетаријански опции, бројот на ресторани во градот - Атина е избрана за најдобра.

Атина е на прво место на листата на најдобри градови во Европа кога станува збор за храната. Грчката престолнина постигна 88,47 од можните 100 поени. Белград е вториот најдобар главен град за љубителите на храна, освојувајќи вкупно 83,06 поени. Двата града се сметаат за градови кои го обезбедуваат најдоброто за релативно ниски цени, и улична храна и храна во ресторани.

Од градовите во регионот, треба да се издвои Софија од Бугарија која е на третото како град со најдобра храна, Тирана на четврто, Загреб на деветто место и Букурешт на 10-то место. Потоа следува Скопје како 12-ти.

Меѓу последните градови на оваа листа се Копенхаген, Стокхолм, Осло и Луксембург. Овие градови се познати како градови со одлична гастрономија, но тие се сместени на дното на листата исклучиво поради ценато по оброк, без разлика дали станува збор за ресторани или за брза храна. Просечната цена по оброк во овие градови во рестораните е околу 70 евра, што секако е премногу.

Кога станува збор исклучиво за цената, лидер во цела Европа е Скопје. Истражувањето на Uswitch вели дека во Скопје просечната цена за ручек или вечера во ресторан е 16,3 долари. Следуваат Белград, Братислава, Вилнус и Атина - сите со просечна цена која е под 20 долари.

Доколку сте љубитен на бранч, тогаш за вас вистиснко место е Тирана. Од можни 10 албанската престолнина има рејтинг од 8,95 и е пред Атина, Загреб, Валета и Лисабон. Скопје на оваа листа е осми со скор од 8,8.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Живот

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе