Facebook секојдневно губи корисници, која е причината за падот на гигантот?

За првпат во 18-годишната историја, Facebook изгуби секојдневни корисници на социјалната мрежa, извести пред неколку дека матичната компанија Meta.

Тримесечниот извештај кон крајот на 2021 година откри дека растот на компанијата стагнира низ делови на светот. Бројот на корисници секојдневно опаѓа, а прашањето е зошто тоа се случува?

Извршниот директор Марк Закерберг падот го припиша на брзо растечката конкуренција како TikTok платформата која е омилена меѓу младите. Во ретко директно укажување на конкуренцијата, Закерберг ја нагласи заканата со која Meta се соочува поради растот на видеоплатформите како што се TikTok и YouTube, додека луѓето повеќе сакаат да гледаат кратки видеа на интернет.

Губењето корисници е најголемо во Африка, Латинска Америка и Индија, што сугерира дека е дојдено до заситување од Facebook на глобално ниво. Закерберг истакна дека Facebook не морал да се соочи со главниот ривал во текот на претходните промени на стратегија, опишувајќи ја ситуацијата како уникатна, пишува Forbes.

„TikTok стана голем конкурент и исто така продолжува да расте со прилично голема брзина“, вели Закерберг.

Тој соопшти дека Meta вложува во развој на сопствен краток видеопризвод, Reels, за да се натпреварува со TikTok.

А, TikTok е толку популарен што го симна Google од врвот како најпопуларен интерент домен, според Cloudflare. Facebook е на трето место. Само година претходно, TikTok беше на седмото место. Популарнсота на апликацијата порасна и откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп се обиде да ја забрани во САД,

Администрацијата на Трамп тврдеше дека TikTok претставива ризик за националната безбедност бидејќи кинеската владат има пристап до податоците на корисниците. Од TikTok многупати ги негираа обвинувањата.

Но, тоа не е единствената мака на Закеребрг. Опадна и заработувачката во последните три месеци на 2021 година. Рекламирањето и понатаму е примарен извор на приходи и така изгледа ќе остане и во иднина.

Историскиот пад на акциите на Facebook избриша повеќе од 230 милијарди долари од пазарната вредноsт на компанијата за само еден ден, што е најголемиот еднодневен губиток во историјата за една американска компанија. Падот на акциите доведе и до пад на личното богатство на Марк Закерберк за скоро 30 милијарди долари.

Иако е можно Facebook да продолжи со раст во некој облик во иднина, тримесечниот пад на најпопуларната социјална мрежа е знак дека сонот на Закерберг да го поврзе светот можеби нема целосно да биде исполнет, барем не во облик каков што тој некогаш го замислувал, пишува Washington Post.

Крајот на ерата на растот на Facebook означува пресвртница во историјата на социјалните мрежи и интернетот.

 

Тагови
реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Интернет

Блокирањето на X платформата веќе не е исто

Read more

Почна европска истрага против Facebook и Instagram

Read more

YouTube тестира нов формат на реклами

Read more

Илон Маск му се намерачи на YouTube

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе