Фан дер Белен: Македонскиот воз тргна кон ЕУ, од вас зависи со која брзина ќе стигне во Брисел

Австрија изразува постојана и силна поддршката за евроинтеграцискиот процес на Северна Македонија, но од самата земја зависи кога ќе ги почне следните чекори во преговорите со ЕУ и колку брзо ќе се приклучи кон Унијата, порача австрискиот претседател Александер Ван дер Белен, кој вчера престојуваше во официјална посета на државава, на средби со државниот врв и во обраќање во Собранието. Од властите апел до опозицијата да се вклучи во процесот на уставни измени и да не ја загрозува македонската европска перспектива, порачувајќи дека државата нема да пропадне ако во Преамбулата на Уставот се додадат три или четири народи кои живеат во земјава.

Фан дер Белен истакна дека патот на евроинтеграцијата на земјава траеше долго, но тој сега е трасиран и од нас зависи кога Северна Македонија ќе ги продолжи чекорите на европскиот пат и колку брзо ќе го изоди.

– Од пред речиси 20 години возот кон дестинацијата Брисел стоеше на железничката станица во Скопје, меѓутоа од јули 2022 година сигналите конечно покажуваат зелено светло и поради тоа ви честитам од срце. Северна Македонија го заслужува ова патување. Возот веќе тргна кон Брисел со скрининг процесот и е на добар пат, но движењето на возот кон Брисел не зависи само од сигналот, туку од постојаното додавање енергија, а за време на патот кон Брисел и Владата и Парламентот на Северна Македонија треба да ја даваат таа енергија, рече австрискиот претседател.

Фан дер Белен потенцира дека е свесен оти патот на земјава кон ЕУ е тежок и ја разбира фрустрацијата поради времетраењето на тој процес, но замоли да не ја „изгубиме целта од вид“.

– Да работиме заедно за скорешен примен на Северна Македонија во ЕУ. Јас можам да гарантирам дека Австија и во иднина ќе ви стои на располагање како сигурен партнер, порача австрискиот претседател.

Обраќајќи им се на пратениците во Собранието, тој ги замоли и охрабри да останат мотивирани и концентрирани, потенцирајќи дека за да може земјава да го продолжи процесот на зачленување во ЕУ, потребно е да се направи следниот чекор кој не е лесен, а тоа е промената на Уставот, согласно Преговарачката рамка усогласена во јули минатата година со сите членки на Унијата.

– Сакам јасно да кажам дека не верувам оти е реалистично дека договорот од јули 2022 година ќе се преговара уште еднаш, рече Фан дер Белен.

Претседателот Стево Пендаровски на зедничката прес-конференција по средбата со Фан дер Белен, истакна дека оние кои мислат дека европската Преговарачка рамка не е добра и дека кога тие би биле во позиција да преговараат би направиле подобра, очигледно не знаат како функционираат механизмите во рамките на ЕУ.

– Ако некој може да испреговара подобра Преговарачка рамка, јас ќе бидам првиот кој ќе му честита на тоа. Меѓутоа, ги уверувам да не се обидуваат тоа да го прават денес, утре, задутре, догодина, затоа што нема да има шанса одново да се преговара една работа која е договорена со 27 земји-членки на ЕУ, изјави Пендаровски.  

Тој порача дека единствен пат за обебзедување на потребното двотретинско мнозинство во Собранието за уставни измени е да се разговара со луѓето од опозицијата.

– Не би сакал да видам каков било друг пристап во постигнувањето на тие две третини и ако влеземе со искрена намера, да се разбереме, ве уверувам дека аргументите се на страната на оние, вклучувајќи ме и мене, кои веруваат дека самата содржина на тој уставен амандман, внесување на Бугарите во нашиот Устав, е бенингна промена и на ниеден начин не ги загрозува македонската сувереност, независност, ниту европскиот пат, рече Пендаровски, додавајќи дека ако не успееме да ја извшиме промената на Уставот повторно ќе бидеме блокирани на европскиот пат, но овојпат по сопствена одлука.

И премиерот Димитар Ковачевски изрази надеж дека нашата држава има демократски и европски капацитет и визија да ги спроведе уставните измени, порачувајќи дека процесот на нивно усвојување нема да се одложи.

– Оваа одлука за продолжување на нашиот европски пат нема да биде заложник на личната кариера на само еден човек во државата, којшто е подготвен заради својата лична фотелја да ризикува прекинување на еден процес којшто значи обезбедување на полноправно членство во ЕУ, кое со себе носи зголемени инвестиции и плати, повисок животен стандард за граѓаните, врвни институции и врвно европско законодавство во нашата држава, бидејќи нашите граѓани сакаат и заслужуваат да живеат во ЕУ, но тука во својата држава, а не во туѓина, рече Ковачевски.

Министерот за правда, Кренар Лога, по средбата со неговата австриска колешка Алма Задиќ, порача дека приоритет над приоритетите во однос на уставните измени е промена на Преамбулата на Уставот, со што во неа би се вметнале сите помали заедници кои ќе пројават интерес за тоа.

Тој нагласи дека ја повикува ВМРО-ДПМНЕ и пратениците на оваа партија да се изјаснат за сите прашања што ги имаат поврзани со Уставот, посочувајќи дека вратата на Министерството за правда останува отворена за нив за да се вклучат со свои претставници во работната група за уставните измени.

Иако засега нема временска рамка кога ќе почне со работа групата за уставните измени, во која би треба да бидат вклучени експерти од областа на уставното право и претставници на политичките партии и на Кабинетот на шефот на државата, премиерот Ковачевски најави дека со нејзиното формирање и со стартот на нејзината работа, практично ќе започне процесот на промена на Уставот, согласно процедурите пропишани со закон, за кој процес ќе биде потребен широк политички и општествен консензус.

Вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ, во вторникот најави дека процесот на уставни измени ќе започне пред летото, порачувајќи дека треба што поскоро да се отвори дебата за уставните измени, да се даде простор да се разменат аргументити и мислењата, за да се создаде атмосфера во Собранието за здрава разумска дебата дали сакаме и колку бргу сакаме да бидеме во ЕУ.

– Очекувам во наредните денови да се објави работната група и вендаш да започнеме со формулација на уставните амандмани. Во Собранието, сега како што е, има една атмосфера во која што опозицијата сака да ја избегне темата за уставни измени. Јас мислам дека тоа не му оди во прилог никому, изјави Маричиќ, додавајќи дека смета оти има доволно време да ги завршиме уставните измени до ноември.

Претседателот Пендаровски вчера оцени дека опозицијата ќе згреши доколку реши да не учествува во работната група за уставните измени и во Комисијата за уставни прашања во Парламентот.

– Ги повикувам да ги кажат своите аргументи. И јас мислам дека таа дебата би требало да биде пренесувана директно, во живо за македонската јавност, затоа што ако ги соочите аргументите на двете страни ќе видите дека зборуваме за работи кои веќе сме ги направиле пред 22 години, рече Пендаровски, нагласувајќи дека државата сигурно нема да пропадне доколку во Преамбулата на Уставот додадеме три или четири народи што живеат во земјава.

реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

„Бомба“ од 4 состојки го топи салото на стомакот

Read more

Македонија

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Read more

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Read more

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Read more

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Read more
 

Вести

Tлото на Балканот се тресе: По Хрватска, земјотреси и во Албанија и Грција

Читај повеќе

Димитриевски: Ароганцијата на оние кои дозволија отворање на бугарски клубови во Македонија е ненадминлива

Читај повеќе

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Читај повеќе

Колку повеќе нѐ напаѓаат посилни нѐ прават – Работниците дадоа црвен картон на судот поради обидите за притисоците врз синдикатите

Читај повеќе

Мојсоска: На бугарофилите им кажавме дека местото не им е тука

Читај повеќе

Земјотрес со јачина од 4,7 степени во Хрватска, почувствуван и во БиХ

Читај повеќе

Од денеска жичницата на Водно ќе работи 2 часа повеќе од досега

Читај повеќе

Силјановска-Давкова: Посебно ми беше убаво кога видов дека сме победиле и во Муртино

Читај повеќе
  • play_arrow

Се урна дел од автопат во Кина: Возила паднаа во провалија, десетици мртви

Читај повеќе