Ferrari е најновата жртва на хакерски напад.

Хакери внеле вирус во компјутерскиот систем на Ferrari, но украле и податоци на некои клиенти. Тие тогаш решија да побараат откуп, но Ferrari категорично одби.
Ferrari постапи многу транспарентно и набргу по нападот ја информираше јавноста дека е цел на сајбер криминалци кои украле податоци. Но, на бараниот откуп реагирале согласно политиката на неодговарање на уцени и одбиле секаква можност за договор и исплата.
Компанијата Ferrari затоа ја известила полицијата, но и покрена внатрешна истрага. Тие ги информираа своите клиенти дека нивните лични информации, вклучувајќи ги и е-поштата и телефонските броеви, се компромитирани.
Почувствителните податоци, како оние поврзани со банкарски сметки, не се отуѓени.
Од Ferrari велат дека овој случај не влијаел на нивното работење.
Потсетуваме дека Ferrari и минатата година беше цел на хакери, кога беа украдени околу 7 GB податоци, инструкции и други документи.